27.8 C
Скопје
30 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПРЕДЛОГОТ ЗА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК НЕ ПОМИНА НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

Пратениците во собраниската Комисија за финансирање и буџет не ги прифатија двата амандмани со кои се предлагаше износот за субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од 120 на 160 денари и да се исплаќа до крајот на учебната 2022/23 година.

На денешната седница Комисијата го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, со кој се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно. Сега предлогот е проследен на натамошна постапка во Собранието.

Видео од протестниот марш на студентите, Скопје, 17.11.2022

Преодното решение предвидува исплатата на субвенционираниот студентски оброк со истите услови како и досега со траење до март 2023 година. Потоа ќе треба да се донесе нов закон.

Студентите треба да добијат посебни платежни картички кои ќе можат да ги користат само за студентски оброк во одредени локали. Ќе има ретроактивна исплата на субвенција за студентски оброк од 15 септември до сега, а ќе бидат вклучени и новозапишаните студенти.

Од опозицијата обвинија дека со новото законско решение се изигруваат студентите со кои на средбите во Собранието било договорено, како што кажаа, субвенционираниот студентски оброк да биде 140 денари.

Попладневно претставници на универзитетските студентски собранија заедно со новоформираното движење Студентски отпор на Светскиот ден на студентите маршираат од пред Влада до Министерството за образование и наука (МОН).

Студентите бараат повеќе пари за студентски оброк, квалитетно образование, подобри услови во домовите, поголеми стипендии…

Related posts

Дали на пазарите има зеленчук загаден со пестициди или некој помешал што е милиграми и микрограми?

admin

Тврдоглавиот Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ

admin

RSE: „Воени“ правила за работниците во кинеска компанија во Србија

admin

ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ОСТАВКА ОД СПАСОВСКИ ПО ВЧЕРАШНОТО УБИСТВО ВО КАФУЛЕ ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА

ninja

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: OДЕДНАШ ПРЕДАВНИК

ninja

Бојер: “Црната листа” е поттик за владеењето на правото во С.Македонија

admin