9.8 C
Скопје
29 февруари, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

„РАСТРЕСУВАЊЕ“ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА, ЌЕ СЕ ЗАТВОРААТ АГЕНЦИИ

Спојување на работни места и трансфери на вработени, затворање на агенции, откази за директори, креирање на дигитална агенција – ова се само дел од реформите коишто се предвидени за администрацијата, која што во наредниот период треба да помине процес на сериозна трансформација, согласно стандардите на ЕУ. Целта е земјата да добие поефикасна, отчетна и поефикасна јавна администрација.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити,  најавува дека неколку институции и агенции ќе бидат споени во едно, бидејќи експертите констатирале дека вршат иста работа, поради што нема потреба да постојат две или три како досега. Некои од агенциите ќе се затворат, односно ќе бидат трансферирани како сектор во некое друго министерство.

„Експертите констатираат дека не мора да има некоја агенција со седум члена на управен одбор и директор, односно само администрацијата е битна во таа агенција. Има и случаи каде, на пример во Министерството за информатичко општество и администрација, ќе креираме нова институција – дигитална агенција“, вели Алити. Во оваа агенција ќе бидат префрлени дел од вработените во администрацијата.

Ќе се отпуштаат директори, но не и административци 

Алити најавува дека ќе има намалување на бројот на директори и на членови на управни одбори, но не и на административците. „Тие ќе бидат трансферирани, ни еден вработен нема да биде отпуштен од работа, бидејќи посебно во централната власт имаме дефицит на вработени“, дециден е  министерот.

Но, дел од директорите во 2024 година, за кога е планирано згаснувањето на дел од агенциите, ќе ги изгубат работните места. Така на пример во план е да згасне Инспекцискиот совет, за кој експертите задолжени за реорганизацијата на администрацијата, сметаат дека  нема потреба да постои како посебен орган на државната власт.

Исто така МАРнет – Македонска академска истражувачка мрежа, која има надзорен, управен одбор и директор, е во план да се префли во рамките на Министерството за образование како посебен сектор.

Дејвид Гир
Без развивање на делотворна и ефикасна администрација процесот на пристапување во ЕУ нема да биде успешен,. вели евроамбасадорот Дејвид ГирФотографија: Arbnora Memeti

Пилот-проект 

Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата не Европската Унија, посочува дека ефикасни државни институции се од клучна важност за развојот на секоја земја и особено за испораката на услуги на граѓаните. Тие, исто така, ќе бидат од суштинска важност за напредокот на оваа земја на својот пат кон ЕУ.

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија во делот на јавната администрација беше посочено дека земјата останува умерено подготвена во однос на реформата и дека постигнала ограничен напредок во спроведувањето на препораките од минатата година. ЕК во забелешките посочува дека е одложено усвојувањето на законските решенија за организација и за работа на органите на државната управа, на нов закон за висока раководна служба, како и на новата правна рамка за управување со човечки ресурси, преку измени на законите за административни службеници и за вработените во јавните служби. Според Комисијата, новата рамка е замислена да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да гарантира избор, унапредување и разрешување врз основа на заслуги, вклучително и на ниво на повисоките раководни функции.

Поради тоа во земјата во тек е пилот-проект во Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија – кои што се  првите министерства каде е во тек постапка за реорганизација во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од ЕУ. Се прават анализи и во останатите министерства, коишто од 1 јануари 2024 година се обврзани да го започнат амбициозниот и обемен процес на трансформација согласно европските стандарди. 

„Без развивање на делотворна и ефикасна администрација процесот на пристапување нема да биде успешен не само заради тоа што се потребни реформи, не само заради инфраструктурата која што треба да се воспостави и ја вклучува администрацијата, туку и заради тоа што идната земја членка треба да има администрација со капацитет што ќе обезбеди спроведување на европското право и да обезбеди земјата да може да биде еднаков партнер којшто може да ги искористи можностите коишто постојат преку пристапувањето“, вели евроамбасадорот Гир.

Related posts

Ирска, Данска и Луксембург со најголема куповна моќ, Романија, Бугарија и полска со најмала

admin

Германски печат: Вучиќ сонува за „великосрпско царство“

admin

Путин ненајавено во посета на Херсон

admin

Светот реагира на акциите на Русија кон Украина

ninja

“Нема пукнатини во системот на Путин”

admin

Агелер: Од Софија слушнавме агресивен јазик без факти

admin