19.8 C
Скопје
17 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

СРБИЈА И КОСОВО ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ

По речиси две години жесток спор за регистарските таблички, Белград и Приштина постигнаа договор за негово надминување. Спорот сериозно ги оптоваруваше односите меѓу Србија и Косово. Пробивот дојде со посредство на ЕУ.

„Имаме договор“, објави на Твитер  високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност Жозеп Борел, потврдувајќи дека Белград и Приштина постигнале согласност за долгиот спор за регистерските таблички.

„Со задоволство можам да соопштам дека главните преговарачи на Косово и на Србија, со помош на ЕУ, се договорија за мерките со кои ќе бидат избегнати натамошни екскалации и е овозможено во целост да се насочат на предлогот за нормализирање на односите“, напиша Борел на Твитер.

Тој наведе дека Србија ќе престане да издава регистерски таблички со имиња на косовските градови, а Косово ќе запре со натамошна работа во врска со предрегистрација на возилата.

„Ќе ги повикам страните во наредните денови да разговараат на наредните чекори. Му се заблагодарувам на Мирослав Лајчак на напорната работа“, додаде тој.

Состанокот со главните преговарачи на Косово и на Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, траеше во Брисел повеќе од 6 часа.

Дека е постигнат договор потврди и амбасадорот на Косово во Белгија, Агрон Бајрами.

Прашањето за пререгистрација на табличките за градовите на Косово кои досега ги издаваше Србија, а кои властите во Приштина не ги признаваат и бараат да бидат заменети со косовски ознаки, со месеци претставуваше нерешлив проблем во преговорите во кои посредуваше европскиот дипломат Мирослав Лајчак.

Косовските Срби протестираат против владата во Приштина и премиерот Албин Курти (архивска фотографија)
Косовските Срби протестираат против владата во Приштина и премиерот Албин Курти (архивска фотографија)Фотографија: Bojan Slavkovic/AP/dpa/picture alliance

И Лајчак им се заблагодари на преговарачите Петар Петковиќ и Бесник Бислими на конструктивноста. Тој на Твитер се заблагодари и на американската администрација на, како што наведе, непроценливата поддршка.

Претставниците на Србија одлучија да ги напуштат косовските институции на 5 ноември, откако Владата на Косово воведе опомени и најави парични казни за сите кои не сакаат да ги променат српските регистерски ознаки со ознаките на Република Косово.

Related posts

„АКО УКРАИНА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ БОРИ ТОА ЌЕ БИДЕ НЕЈЗИНИОТ КРАЈ“

ninja

Пратениците од треттата изборна единица пријавиле имот од скоро 2.5 милиони евра

admin

Нов однос кон Софија или загревање за избори?

admin

Австрија бара македонското МВР да го провери првоосомничениот за планиранирање терористички напад

admin

Норвешкиот ер шатл воведе директен лет Скопје-Осло

admin

Расте притисокот Рамиз Мерко да се повлече од функцијата

admin