18.8 C
Скопје
26 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТАЈНМАЈЕР ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Германскиот сојузен претседател Франк-Валтер Штајнмајер доаѓа во дводневна посета на Северна Македонија на 29 ноември годинава, соопштија од неговиот кабинет и германската амбасада во Скопје.

Франк-Валтер Штајнмајер ќе биде третиот германски сојузен претседател кој доаѓа во посета на Македонија од нејзината независност досега. Во посета на земјата во минатото доаѓаа претседателите Роман Херцог и Хорст Келер. Како што соопштија од неговиот кабинет и германската амбасада во Скопје, Штајнмајер доаѓа во Скопје на 29 ноември, а во рамките на дводневната посета ќе го посети и ветерниот парк во Богданци.

По Северна Македонија, Штајнмајер ќе ја продолжи мини-балканската турнеја и со дводневна посета на Албанија.

Во фокусот на посетата на Штајнмајер ќе бидат состојбите во регионот, последиците од руската инвазија врз Украина и поддршката на Германија за ЕУ перспективите на двете земји.

Предвидено е Штајнмајер во Скопје да се сретне со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе одржи и говор во парламентот. Понатаму, Штајнмајер ќе разговара со младите членови на Центарот за политички развој на шефот на државата, ќе се сретне со творците на филмот „Медена земја“ и ќе го посети ветерниот парк во Богданци. Ова ќе биде прва посета на Штајнмајер на Северна Македонија од оваа функција, откако претходно повеќепати имаше средби со државни функционери во земјата како германски министер за надворешни работи.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го посети Скопје на 11 јуни годинава, а канцеларката Ангела Меркел дојде на 8 септември 2018 година, во пресрет на референдумот за уставните промени.

Related posts

Руско сценарио за изборите – опасност или „евтин трик“

admin

ДУИ вели дека “огнените” се самоисклучиле од партијата

admin

Лидерска средба, какви барања ќе испорачува Мицкоски?

admin

Пендаровски-Ескобар: САД стојат зад аспирациите за членство во ЕУ

admin

ИЗБОРИТЕ ВО САД ОДЛУЧУВААТ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА

ninja

Законот за практиканство – мост меѓу младите и работодавачите, но недостига инспекциски надзор и јавна промоција

admin