21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски најави големи промени во Владата и ВМРО-ДПМНЕ, најавува убедлива победа на локалните избори

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во саботата најави значајни кадровски промени во партијата и Владата по редовниот партиски конгрес, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за убедлива победа на претстојните локални избори.

„По конгресот кој ќе се одржи на крајот на оваа или почетокот на следната година, ќе следуваат големи промени во партијата и Владата. Ќе останат само оние кои се покажале со работа, останатите ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам,“ рече Мицкоски на 20-годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека подготовките за локалните избори се интензивни, а кандидатите за градоначалници ќе бидат објавени во два циклуса, од кои првиот ќе започне кон крајот на мај.

„Нашите кандидати, според анкетите, водат три до четири пати повеќе во споредба со кандидатите од опозицијата. Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку и останатите на листите имаат значајна предност,“ рече Мицкоски, додавајќи дека опозицијата би можела да освои само неколку општини.

Тој истакна дека Унијата на жени претставува клучен сегмент од партијата и ги пофали членовите за нивниот ангажман во политиките и реформите.

„Работиме посветено и одговорно, свесни за обврската која сме ја презеле кон граѓаните и идните генерации. Нашата борба е за враќање на вистинските вредности во политиката – почитување на законите, посветеност, чесност и принципиелност,“ додаде Мицкоски.

 

Related posts

Села најави формирање нова партија „Албански сојуз“

admin

САД и Иран најавуваат тотална војна, мировните преговори неизвесни

admin

Македонија се подготвува за екстремен топлотен бран, се очекува прогласување кризна состојба

admin

Грција и Албанија меѓу земјите со покани за „Одборот за мир“ на Трамп за Газа

admin

Трамп вели дека не е загрижен за можни воени злосторства, Израел им порача на Иранците да не користат возови

admin

ЕСП ѝ фрла ракавица на ДУИ

admin