20 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

РУСИЈА НЕ Е ЦЕЛОСНО ИЗОЛИРАНА НА САМИТОТ НА Г20

Во предлог декларацијата од самитот на Г20 не се прецизира колку држави од групата ја осудуваат руската инвазија на Украина. Во предлог текстот стои зборот „повеќето“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот на Г20 на Бали остави отворено колку држави членки на групата ја осудуваат руската инвазија на Украина. Одговарајќи на новинарско прашање, Шолц рече: „Се разбира дека има и поинакви ставови, но тие не се избројани“.

Тоа укажува дека во Групата 20, покрај Русија, има и други земји кои и натаму отфрлаат да ја осудат војната.

Во предлог завршната декларација, за која преговарачите на 19 држави од Г20 и ЕУ постигнаа договор изутринава (15.11), се вели: „Повеќето члеки најостро ја осудуваат војната во Украина и нагласуваат дека таа предизвикува огромно човечко страдање“. Притоа е оставен отворено што точно значи „повеќето“ држави.

На самитот на Г20 се упатува и на резолуцијата на ОН донесена на почетокот на март, во која има осуда за војната. Тогаш за осуда гласаа 141 од 193 членки на ОН. 40 земји беа против или воздржани, меѓу нив освен Русија и Кина, уште и Индија и Јужноафриканската Република, кои се членки на Г20. На тоа гласање упатува и канцеларот Шолц. Сепак, тој додава дека постои извесна „двозначност“ кај земјите кои биле воздржани, односно, како што нагласи тој, и покрај тоа што се воздржале во изјаснувањето тие се „внатрешно уверени дека војната е неправедна“.

Related posts

ЕДНА ТРЕТИНА ОД СТРУЈАТА ВЧЕРА ОБЕЗБЕДЕНА ОД УВОЗ

ninja

„Мегапонеделник“ за ЕУ: Украина и Молдавија напредуваат, Македонија останува во место

admin

Шефот на НАТО и лидерот на американскиот Сенат го предупредуваат Додик против сепаратистички потези

admin

Интервју со Такер Карлсон: Проверка на факти за „чудните “ стории на Путин

admin

Нов модел за Западен Балкан? Незири вели дека следува интеграција „на рати“

admin

Гир: Треба радикална акција во судството

admin