13.8 C
Скопје
13 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ВЛАДАТА ИНИЦИРА ОДЗЕМАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВОТО НА ОНИШЧЕНКО

Владата побара да се започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Олександер Онишченко.

Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот.

Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, доби македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлуката за доделување македонско државјанство на Онишченко ја донесе Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

Претходно денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски на затворена владина седница даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Укранинец.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно рече дека дека мора да се утврди одговорност за случајот со давањето на македонско државјанство на Онишченко.

Директорот на АНБ Димовски во петокот по сослушувањето во Собрание, изјави дека е лоцирано лице кое не го испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО партнерите пред да се даде позитивно мислење за државјанство за Онишченко.

Related posts

Ескобар доаѓа во С.Македонија – дали американците ќе ги туркаат напред евроинтеграциите?!

admin

ПРАВАТА НА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПОВТОРНО ТЕМА ВО СОФИЈА

ninja

ЗА ШТО СЛУЖАТ ЗАКОНИТЕ?

ninja

Хенри Кисинџер објаснува како да се избегне третата светска војна

admin

Гаши: Владата на Курти ќе биде соборена на есен

admin

Згреши ли Фрчкоски со воздржаниот глас во ОН?

admin