34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ДЕЛ ОД ОПШТИНИТЕ „МУВА“ НЕ ГИ ЛАЗИ ЗА ШТЕДЕЊЕ

Државните институции се подисциплинирани од општините во примената на мерките за штедење коишто ги препорача Владата во екот на енергетската криза. Анализата по трошоците на струја во октомври годинава покажуваат дека административните згради на претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, ЕСМ, МЕПСО  имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември. Но, ситуацијата со општините е поинаква. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои три дури имаат и поголема потрошувачка споредено со октомври 2021 година. Станува збор за Арачиново, Лозово и Студеничани.  Казни за „непослушните“ општини засега нема, со оглед на тоа дека станува збор за препораки на Владата.

Најмалку штеделе во здравството

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија, што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. Притоа, најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има Министерството за образование – до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22%, кај Кабинетот на Претседателот на државата 24%, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25%, а кај МЕПСО 22 отсто.

Ако се земат предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто. Во анализата на потрошувачката на електрична енергија се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17 отсто.

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година. Станува збор за Арачиново со зголемување од 474%, Студеничани со 11% и Лозово со 12 отсто. Останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто.

Related posts

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева

admin

Вучиќ најави оставка: Ќе бидам претседател уште неколку недели

admin

„Билкилајф“ ги прогласи најдобрите бизнис идеи за социјално претприемништво

admin

Трамп лут на Европа: САД го намалуваат военото присуство

admin

Софија до Скопје и Брисел: Без исполнети обврски – нема ЕУ

admin

Германски суд: Мета може да користи јавни податоци од корисници за вештачка интелигенција

admin