14.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Софија до Скопје и Брисел: Без исполнети обврски – нема ЕУ

Бугарското Народно собрание во петокот усвои одлука со 194 гласа „за“ и без ниту еден „против“ или „воздржан“, со која ја потврдува поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија во согласност со консензусот од јули 2022 година.

Пред гласањето, пратениците усвоија и три редакциски амандмани на текстот.

Во усвоената одлука се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот договор постигнат во 2022 година и ги повикува властите во Скопје строго да ги исполнуваат преземените обврски.

„Секој обид во рамките на институциите на ЕУ да се преразгледаат, заобиколат или игнорираат елементи од постигнатите договорености е неприфатлив“, се наведува во документот.

Одлуката вклучува и повик до институциите на ЕУ да продолжат со конкретни активности за гарантирање на правата на Бугарите во Северна Македонија, како и на другите заедници, вклучувајќи го и нивното право да го зачуваат и развиваат своето културно-историско наследство, јазик, семејна меморија и идентитет.

Софија очекува Скопје, во согласност со европскиот консензус, да изработи и да презентира таргетиран Акциски план за заштита на правата на лица кои припаѓаат на малцинства и заедници, како дел од Патоказот за владеење на правото. Планот треба да содржи конкретни, мерливи и ефективни мерки за заштита на човековите права на ранливите групи и ќе биде предмет на следење во текот на целиот пристапен процес кон ЕУ.

Related posts

ВЛЕН – сите против Таравари

admin

ЕП го засили притисокот врз Урсула фон дер Лајен

admin

Балканот не е веќе атрактивна туристичка дестинација за Британија

admin

Алијанса за Албанците ја обвини ВРЕДИ за поддршка на законот за игри на среќа, предупредува на последици врз младите

admin

По случајот „Марковски“ во фокусот и имотниот лист на судијата Вулнет Винца

admin

Се намалува бројот на хоспитализирани по пожарот во Кочани, критичните пациенти во стабилна состојба

admin