9.8 C
Скопје
23 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Груби: Во ВМРО-ДПМНЕ има про-европски и анти-Мицковски политичари, блиску сме до 80 пратеници за уставни измени

„Жал ми е за пропагандата што опозицијата ја прави против сопствените граѓани. Ги лажат дека ќе бидат бугаризирани, асимилирани со прифаќање на договорот за добрососедство или со прифаќање други прогресивни договори со соседните земји“, рече денеска Артан Груби, прв заменик-премиер на Република Северна Македонија, известува Инбокс7.

Тој беше главен гостин на настанот „Аудиториум“, кој беше организиран оф Институтот БИРЦ и оддржан во УЈИЕ во Тетово.

„Навреда е да си играш со своите граѓани до тој степен, затоа што овој народ се соочил со секоја хистерија за асимилација, но никој не се асимилирал и по промената на името или каков било друг процес. На прагот сме на уставни измени и работиме да имаме 80 гласа. Има пратеници во ВМРО кои се за ЕУ и анти-Мицкоски, затоа мора да работиме со пратеници кои размислуваат со своја глава и размислуваат за напредокот на државата и иднината“, рече Груби.

Меѓу другото, тој зборуваше и за „Европски фронт“, додавајќи дека на овој фронт се добредојдени сите проевропски партии.

„На фронтот за Европа, сите политички партии кои имаат про-ЕУ развоен дух треба да бидат дел од него. Се обидуваа 20 години да ја победат ДУИ и не успеаја, ајде да се собереме и да одиме во Европа, да не заглавуваме како со Самитот во Букурешт пред 15 години…Сите заедно ДУИ, АзА, БЕСА, АА итн… да покажеме дека сме про Европа и далеку од Москва“, рече Груби.

Груби се осврна и на проектот Коридор 8. Тој рече дека овој проект ќе ги обедини граѓаните и уште повеќе ќе ја развие економијата на државата.

„Некои македонски политичари се заглавени во времето и не можат да согледаат што се случува денес. Од 2001 година работите се сменија за Албанците и за нашата земја. Ние бевме предводници на многу развојни процеси за државата. Сега е време за економија и инфраструктурен развој, па мора да се отстрани стравот што некои експоненти на македонската политика го имаат кон Албанците. Се гради автопатот Скопје-Приштина-Тирана, па на секој граѓанин му се олеснува секој процес. Отпечатокот на овој проект е обединување на граѓаните и за тоа сакам да бидам запаметен. Со Бехтел и Енка ќе имаме транспарентно работење бидејќи во ниту една земја во регионот немало злоупотреби, но имало коректност и гигантски проекти“, рече Груби.

Дел од овој аудиториумот беа и студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде и се оддржа настанот. На прашањето на студентот Демир Демири колку Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се грижи за студентските парламенти, Груби рече дека „вратите во министерството што се секогаш отворени за младите“.

„Секогаш ќе ве чекам во случај да покажете интерес за средба или да посакате да се информирате за работата што ја работиме таму, дури и за практична работа зошто да не. Отсекогаш сум велел и кажувам дека ни требаат вредни луѓе, па видете каде можете да придонесете, бидејќи кај нас имате отворени врати за градење професионално искуство“, изјави Груби.

#демократски_институции #institucione_demokratike #democratic_institutions #CivicaMobilitas

Related posts

КИНЕСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ГИ ПРЕДУПРЕДИ КИНА И САД ДА ГИ СМИРАТ ТЕНЗИИТЕ

ninja

Лога: Уставните измени ќе поминат пред нова година

admin

С.Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

admin

Македонските истраги под будно око на Лаура Ковеши

ninja

Зголемени платите на здравствените работници

admin

ЧАДИКОВСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗНМ

ninja