23.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ПРОРУСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ КОИ ГО УРНАА МХ17

Суд во Холандија осуди три лица за убиство поради нивната улога во соборувањето на авионот на Малезија Ерлајнс во 2014 година над Украина, и наложи да одлежат доживотен затвор. Четвртиот обвинет беше ослободен.

МХ17 беше патнички авион кој беше урнат со ракета над источна Украина на 17 јули 2014 година. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

„Само најстрогата казна одговара на она што го сториле обвинетите, што предизвика толку големо страдање на толку многу жртви и на нивните најблиски“, рече претседавачкиот судија Хендрик Стенхујс читајќи ја пресудата. Семејствата на жртвие плачеа додека стоечки ја слушаа пресудата.

Меѓу тројцата осудени се двајца поранешни руски разузнавачи Игор Гиркин и Сергеј Дубинскиј, како и украинскиот сепаратистички лидер Леонид Карченко. Четвртообвинетиот, Русинот Олег Пулатов, беше ослободен од обвинението.

Во периодот кога беше урнат авионот, регионот беше зафатен од судири меѓу про-руските сепаратисти и украинските сили. Областа во која се урна авионот е во регионот Доњецк, кој Русија го прогласи за анектиран годинава, по агресијата врз Украина. Судијата Стенхујс рече дека осудените не уживаат имунитетот од прогон затоа што не биле членови на руските вооружени сили.

Претседавачкиот судија Хендрик Стенхујс

Related posts

САД спрема санкции против владата на Косово

admin

Зошто Индискиот Океан може да биде кинеската “Ахилова пета” во војната со Тајван

admin

Зошто пред земјотресите се појавува чуден светлосен феномен?

admin

ВИДЕО ВО ЖИВО / Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по средбата со Христијан Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ

admin

Колку провизии ви земаат бснките? Сега може да проверите онлајн

admin

Шолц: Германија е соочена со „невидени проблеми“

admin