14.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ВАДИ ОД КАЛ НЕПЛАЌАЧИТЕ НА СТРУЈА

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе најдат решение за долговите на државни институции, но не и за проблемот на приватните превозници, со кои не прифаќа да преговара под уцена.

Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции на ЕВН. Станува збор за долг од над 40 милиони евра, поради кој се најавуваше дека без струја можат да останат затворите, судовите, Зоолошката градина,  факултетите и други институции.

„Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

ЕВН им даде рок до 15 декември на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и ЖРСМ транспорт и други.  Во врска со насобраниот долг на Клиничкиот центар од околу 7 милиони евра, и министерот за финансии Фатмир Бесими деновиве најави дека ќе го проверува буџетот, ставка по ставка за да се види од каде може да се префрлат пари за да се скуси овој долг и најголемиот медицински центар да не остане во темница.

„Не преговарам под уцена“

Што се однесува до блокадите на Скопје од страна на приватните превозници, кои побараа средба со премиерот и помош од Владата за подмирување на долговите, Ковачевски порача дека под уцена нема да преговара со превозниците.

„Јас сум човек кој ќе се сретне со сите со коишто треба, но не под притисок и не под уцена. Прво што треба да направат е да ги ослободат улиците и да им ги вратат на граѓаните и на градот Скопје чијашто сопственост се тие улици. На тој состанок мора да бидат и надлежните од Град Скопје, бидејќи Владата нема надлежност во делот на превозот во Скопје“, вели Ковачевски.

блокади превозници Скопје
Ковачевски бара приватните превозници да ги ослободат улицитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Тој укажува дека Владата нема надлежност во делот на јавниот превоз во Градот Скопје, но и дека станува збор за должничко-доверителски односи меѓу приватни компании и јавно претпријатие во надлежност на Градот Скопје. Тој најавува дека кога ќе се исполнат условите за дијалог без притисок, базиран на факти и со вклученост на сите коишто се надлежни да го решат проблемот, тогаш може и да има средба со приватните автобуски превозници. Ковачевски е против одземање на ингеренциите на Град Скопје, бидејќи тоа би значело враќање на процесот на децентрализација.

Безбедносната состојба е стабилна

Во однос на серијата дојави за наводно поставени бомби во училиштата и во институциите, коишто ја вознемируваат јавноста, премиерот тврди дека безбедносната состојба во земјата е стабилна. „МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин во нашата држава. Што се однесува до монструозните дојави за бомби, на ваков тип напади се изложени и соседните земји. Последните се во Црна Гора, но ги има и во Србија“, вели Ковачевски.

Според експертите во оваа сфера, заканите се особено зголемени по започнувањето на војната во Украина. МВР во однос на дојавите за бомби дејствува со полн капацитет. Како резултат на ова, на 5.12.2022 година, секторот за борба против тероризам, до ОЈО за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје“, вели Ковачевски.

Related posts

Мицкоски: Политички лешинари и платеници на власта ме напаѓаат, СДСМ и ДУИ нека кажат која опција е прифатлива за нив

admin

Има ли корупција во договорот со „Бехтел и Енка“?

admin

Австрија бара македонското МВР да го провери првоосомничениот за планиранирање терористички напад

admin

Кој кому му служи за изборите?

admin

СОНК и Образование се договорија – зголемување на платите за 15 отсто од септември

ninja

Колку криминалци барани со потерница се шетаат низ земјата?

admin