18.8 C
Скопје
27 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕР ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ МАТИЧНИ КНИГИ

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице поради сомнеж за местење на тендерот за дигитализација и набавка на компјутерска опрема во Управата за водење матични книги(УВМК).

Како што соопштија од финансиска полиција, во текот на 2021 година тие изработиле тендерска документација со дискриминирачки и несразмерни услови за тендерот и овозможиле да склучи договори во износ од скоро 36 милиони денари.

„Со така дефинираните дискриминирачки и несразмерни критериуми за квалитативен избор и склучениот договор со НОВАТЕК ИНВ ДООЕЛ Скопје, реализирана е набавка на компјутерска опрема за потребите на Управата за водење на матичните книги по цени далеку повисоки од реално пазарните цени и на тој начин пријавените лица предизвикале штета на Управата за водење матични книги во вкупен износ од 2.836.260 денари“, појаснуваат од финансиската полиција.

Осомничени се раководител и вработен во УВМК, сопственикот на фирмата „Новатек ИНВ“ и самата фирма како правно лице.

Дополнително, од Финансиската полиција тврдат дека двајцата вработени во Управата склучиле и договор за техничка поддршка со истата фирма, иако за тоа веќе имало постоечки договор со друга компанија

Од УВМК пак соопштија дека не добиле известување за поднесена кривична пријава за лицата вработени кај нив. Дополнуваат дека кога тоа ќе се случи, против нив ке се определат соодветни мерки.

„Во 2021 година е поднесена пријава за набавката на дигитализација на матичните книги до Финансиската полиција и Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје. Истите постапија по предметот согласно своите овластувања и од страна на Управата за водење на матичните книги е доставена целокупната документација за набавките“, дополнуваат од УВМК./slobodnaevropa

Related posts

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАЃААТ ВОЕНИ ЦЕЛИ ВО РУСИЈА?

ninja

Меџити: Или ја продолжуваме битката, или одиме дома и се предаваме

admin

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРСКИ КЛУБ НА СУД ПОРАДИ РАСИЗАМ

ninja

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

admin

Џезаири: Добро е ВМРО-ДПМНЕ да ги почека изборите а потоа да каже која партија не ја посакува во владата

admin

КАКВА ЌЕ БИДЕ 2024 ГОДИНА?

admin