34.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАЃААТ ВОЕНИ ЦЕЛИ ВО РУСИЈА?

Русија денеска јави за напад со беспилотно летало врз аеродром во регионот Курск, во близина на границата со Украина. Синоќа Москва ја обвини Украина за слични напади врз две воздухопловни бази на територијата на Русија.

Аеродромот во рускиот регион Курск, на границата со Украина, бил цел на напад на беспилотно летало, соопшти утрината гувренерот на регионот, Роман Старовојт.

„Во нападот со дрон во областа кај аеродромот Курск, се запали резервоар со нафта. Жртви нема“, напиша гувернерот на социјалните мрежи. Гувернерот не соопшти од каде потекнувало беспилотното летало

Руското министерство за одбрана, од друга страна синоќа соопшти дека руската војска соборила украински дронови од советско производство кои нападнале две руски воздухопловни бази, во кои починале тројца војници.

Уште 4 руски војници се повредени, како што е соопштено, од остатоци од дроновите кои се пресретнати во базите во руските региони Саратов и Рјазан.

Сателитска фотографија од руската воздухопловна база Енгелс во регионот Саратов
Сателитска фотографија од руската воздухопловна база Енгелс во регионот СаратовФотографија: MAXAR TECHNOLOGIES/REUTERS

Според наводите од Москва, и два руски воени авиони се полесно оштетени од остатоците од дроновите.

Украина не ја коментираше можната причина за експлозиите во  воздухопловните бази Енгелс во Саратов и Џагилево во Рјазан.

Претходно, руските медиуми известија за две експлозии во бази во Русија. Гувернерот на Саратов, Роман Бусгарин, изјави дека не се оштетени цивилни објекти.

На прашањето дали Владимир Путин е известен за експлозијата во базата Енгелс, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, одговори дека претседателот на Русија редовно прима информации за тековнот развој на случувањата./DW

 

Related posts

Пендаровски со втора реакција: Чудно е зошто ВМРО-ДПМНЕ не разбира што се случило во петокот

admin

Полицијата во штипскиот затвор помогнала затвореници да најдат дрога, тврдејќи дека барале часовник

admin

Владин авион со „технологија од 80-тите“ предизвикува дебата за ново летало

admin

Францускиот амбасадор со јасна порака: Компромисот од 2022 нема повторно да се преговара

admin

Коридор 8: Скопје бара со Софија заедничко пробивање тунел

admin

ЕУ бараше со години, Владата конечно реагира: Доаѓа закон за високите раководители

admin