24.8 C
Скопје
29 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПОВЕЌЕ РАБОТА, А ПОМАЛКУ ЖАЛЕЊЕ, ПОРАЧА ШЕКЕРИНСКА ПРЕД УТРЕШНИОТ САМИТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ТИРАНА

Европската Унија на проширувањето да му пристапи како на геополитичко и безбедносно прашање – беа дел од пораките на денешната конференција во Скопје која се одржува во пресрет на утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана.

Аргументите на државно-владиниот врв за потребата од забрзување на процесот се дека земјава и регионот изгубиле премногу години и дека негативниот ефект од тоа, меѓудругото, е и намалување на поддршката кај граѓаните за европскиот проект.

„Во 2019 година, почетокот на преговорите за нас и за Албанија беше одложен поради, во последен момент, најавената идеја за нова методологија за пристапните преговори. Кога таа беше усвоена, во почетокот на 2020 година, започна штетната блокада кон нас од страна на Бугарија, што индиректно се одрази и врз Албанија. Сосема легитимното барање за добри меѓусоседски односи беше унилатерално заменето со инсистирање на историски и идентитетски прашања како наводен преуслов за почеток на преговорите. Иако, со помош на француското претседателство и нашите пријатели од ЕУ, беше најден компромис што овозможи надминување на блокадата, сепак, направените штети врз меѓусебната доверба меѓу народите, но, и кон атрактивноста на моделот на Европската Унија беа големи. Најдобар доказ за тоа е растечкиот евроскептицизам што се потврдува во сите истражувања на јавното мислење“, изјави претседателот Стево Пенадровски.

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска рече дека „имаме јавност која веќе е изморена, сега ќе славиме 17 години од канидатски статус, имаме јавност во регионот која се помалку верува, имаме луѓе кои поставуваат прашања дали членството во ЕУ треба да ни биде приоритет. Но, она што е најважно е кога ги гледаме Србија и Црна Гора е дали проширувањето реално ги трансформира нашите општества. И затоа сметам дека се повеќе од опис треба да преминуваме на план“.

Според неа, тој план треба да биде повеќе работа, а помалку жалење, потврдување на 2030 како таргет за зачленување, а Унијата посериозно да му пристапи на проширувањето како на геополитичко прашање.

Руската агресија врз Украина е само дополнителен аларм во Брисел дека има потреба од промена на пристапот.

„Она што војната во Украина го наметна, на ниво на ЕУ, е повторното стратешко размислување – перцепцијата за ЕУ како мировен и политички проект, нешто што таа е, а тој факт во последно време се заборави. Мислам што е добро што ваквата прецепција за Западен Балкан се врати во Унијата“, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

На настанот, кој беше оддржан со поддршка на германската влада, претставници на Берлин уверуваа дека и Македонија, по стартот на преговорите, но и регионот остануваат во нивниот фокус.

„Вашата влада и вашиот претседател увидоа дека германскиот канцелар, владата, а и шефот на германската држава се навистина посветени на оваа цел и Северна Македонија, Македонците, вашиот идентитет, култура и вашата иднина во ЕУ се еден од нашите клучни приоритети“, рече Мануел Сарацин, специјален пратеник на Германија за Западен Балкан.

Утре во Тирана се одржува Самитот меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан – веќе редовен формат на соработка кој треба да го динамизира проширувањето и кој за првпат се одржува во земја која не е членка на Унијата./VOA

Related posts

Нагазна мина во Атина: Аман комшија, не нѐ „брани“

admin

Последен ден на Ковачевски во премиерската фотелја

admin

Личните документи со кодот МКД не се погрешни, НМК кратенката е за возилата

admin

МИНИСТРИТЕ ОД ЕУ ДОГОВОРИЈА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ

ninja

ДУИ се изјасни за уставните измени

admin

Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

admin