18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ВКЛУЧЕН АЛАРМОТ ЗА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ, ИСКЛУЧЕН ВО ТЕТОВО

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е
надминат прагот на алармирање поради загадениот воздух на мерните места во Центар и Лисиче. Ова значи дека на овие две мерни места, изминатите два дена во воздухот имало ПМ 10 честички во значително поголема концентарција од дозволената.

Од Министерството велат дека информацијата ја доставиле и до соодветните инститиции, како и дека на сила стапуваат препораките и мерките за Град Скопје кои се активираат при надминат праг на алармирање.

Во Тетово пак во изминатите два дена концентрацијата на ПМ 10 честички била под дефинираниот праг од 150 микрограми на кубен метар, поради што овде од денеска прекинуваат да важат мерките за аерозагадувањето, дополнуваат од Министерството.

Меѓу препораките во вакви случаи се ослободување од работа на бремените жени, лица постари од 60 години, и оние кои имаат хронична астма или прележан инфаркт и мозочен удар, без разлика на возраста. Се препорачува и реорганизирање на работното време, како и работа на отворено од 11 до 17 часот, да не се организираат спортски и културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на здравствените служби.

Инспекторите пак се задолжуваат за почести контроли во индустриските објекти.

Пред само два дена, во Град Скопје поради намалено аерозагадување, престанаа да важат мерките и препораките кои повторно се вратени денеска.

Related posts

Турција ги зајакнува воените врски на Балканот со нови рамковни договори, загриженост во Грција

admin

ЕСКОБАР: БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ТРЕБА ДА ЈА ВОДАТ ДОМАШНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

ninja

Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

admin

Мицкоски побара разговор со Фон дер Лајен за кризата со превозниците, блокирани гранични премини низ регионот

admin

Нови средства од ЕУ ја засилуваат поддршката за малите бизниси на Западен Балкан

admin

Илон Маск: Ќе кажам што сакам, а ако последицата од тоа е губење пари, нека биде така

admin