11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Отворањето на Уставот се наметнува како клучно политичко прашање за 2023

Темата за уставни измени која, во годината што изминува, беше една од главните точки на разидување меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, во периодот што следи, дополнително ќе се актуелизира. Но, тоа не значи дека разликите меѓу двата политички табора за вметнувањето на Бугарите во Уставот, услов неопходен за земјата да го продолжи процесот на пристапни преговори со Европската Унија, се намалуваат. Отворањето на Уставот се наметнува како клучно политичко прашање за 2023.

Претседателот на Собранието, местото каде ќе се одмеруваат аргументите на двете страни за ова прашање, на денешниот брифинг не кажа кога очекува да почне процедурата за уставни измени зошто, како што вели, се уште се нема соодветно, двотретинско, мнозинство во парламентот за успешно заокружување на процесот.

„Во моментот кога ќе сметаат дека имаат услови да покренат иницијатива јас сум подготвен како претседател на Комисијата и на Собранието да постапувам согласно процедурата, откако ќе се добие иницијатива понатаму. Интересот на ЕУ процесот е да се случат измените, да се отвори патот и да поработиме во определен временски рок за да го исполниме она што треба да го исполниме за што побргу да станеме полноправна членка на ЕУ. Нам не ни треба друг пример, го имаме сопствениот пример со членството во НАТО. Сите ги знаеме перцепциите пред и по членување во НАТО во контекст на геополитичките случувања“, порача Џафери на денешниот брифинг.

Опозицијата останува на својот став, нејзините пратеници нема да гласаат „за“ уставни измени, но со нов елемент, дека за промена на Уставот нема да гласаат пратениците од овој парламентарен состав.

„Овој состав на парламентот – нашата пратеничка група нема да ги гласа тие измени. Принципиелно, ние не излеговме на избори дека ќе менуваме устав, тоа го велеа другите – СДСМ и ДУИ. Затоа велиме ајде да одиме на избори и ние ќе излезе со наше решение за овој проблем“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Владата, пак, го тврди спротивното – дека токму сега, овие пратеници, сите 120, треба да гласаат за, како што изјави премиерот во интервјуто за Јавниот сервис, европската иднина на земјата.

„На Владата и треба 61 пратеник за да биде Влада, на било која Влада во државата. Двотретинско мнозинство и треба на Северна Македонија за да може побрзо да го заврши патот на интеграција во полноправно членство во ЕУ. Тоа двотретинско мнозинство нема да биде последната одлука во пристапувањето кон ЕУ. Ние зборувавме за реформи коишто треба да бидат направени, тие реформи и тоа пристапување во ЕУ не е процес на еден човек, не е процес на една партија, тоа е процес на целата држава. Не 80, не 90, не 100, 110, 120 пратеника во Собранието имаат обврска да носат одлуки коишто ќе обезбедат подобра иднина за сегашните и за идните генерации”, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Разликите, барем како што се изнесени во јавноста, изгледаат речиси непремостливи, но дали е тоа така и колку има шанси тие да се надминат ќе покажат политичките процеси во 2023-тата. Она што е јасно е дека и Брисел и Вашингтон, и клучните членки на Унијата, се за тоа Северна Македонија да ги заврши уставните измени што е побрзо и целосно да се насочи на домашната реформска агенда за која порачаа дека е потребно динамизирање, особено во делот на борбата против корупцијата./VOA

Related posts

„Не“ за рудници во дворовите, не покрај нивите – Повик за гаранција за еколошки параметри во првата Стратегија за рударство

admin

Муслиу: С.Македонија не може да функсионира со влада без победничката партија кај Албанците

admin

КУРТИ – РАЗГЛЕДУВАМЕ МОДЕЛИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ

ninja

Има ли Украина „валкана бомба“ и која е целта на тоа оружје?

ninja

Турските власти велат дека уапсиле 11 агенти на Мосад кои набљудувале ирански државјани

admin

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ПОНЕЗАДОВОЛНИ ОД ЛАНИ

ninja