12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Фатмир Лимани и Ким Мехмети во поддршка на амбасадорот Денион Меидани

Министерот во Северна Македонија, Фатмир Лимани, јавно застана во одбрана на амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Меидани, по политичките реакции и критики за неговите ставови поврзани со протестите на албанските студенти.

Преку симболичен статус со наслов „Братот“, Лимани употреби метафорична приказна за актуелната политичка состојба, нагласувајќи дека „добриот брат те брани и кога грешиш, а не кога немаш никаква вина“.

Неговиот статус беше сфатен како директна поддршка за Меидани и критика кон оние кои, според него, го напаѓаат амбасадорот од политички причини.

„Станал остар и неразумен во ставовите… Сите противници го осудија: ‘Не заслужува милост’. Само неговиот брат отиде да го посети“, напиша Лимани.

На крајот од пораката испрати и политичка порака до коалицијата ВЛЕН.

„Им влезе кавга меѓу себе… Ќе бараат со свеќа сред бел ден, ама нема да најдат аргати како порано“, напиша тој.

Реакцијата на Лимани доаѓа во период на зголемени тензии во албанскиот политички блок на власт, по протестите на албанските студенти во Скопје за употребата на албанскиот јазик на професионалните испити.

Поддршка за албанскиот амбасадор даде и аналитичарот и публицист Ким Мехмети, кој ја критикуваше досегашната политика на Албанија кон Албанците во Северна Македонија.

Според Мехмети, пред Денион Меидани, Албанија во Скопје испраќала амбасадори кои „се занимавале само со свадби и сунети“.

„Често ме прашуваат зошто толку се занимавам со Албанија и Косово. Се занимавам затоа што додека не се етаблираат Албанија и Косово, нас Албанците во Македонија никој не нè почитува“, изјави Мехмети.

Тој додаде дека позицијата и тежината на Албанците во Северна Македонија директно зависат од политичката и дипломатската сила на Албанија и Косово.

„Првпат Албанија испраќа амбасадор во Македонија кој има став за појавите и тоа им пречи на сите“, рече Мехмети.

Според него, односите меѓу Албанија и Северна Македонија не треба да се градат врз историски тензии и националистичка реторика, туку врз реална поддршка за правата и позицијата на Албанците во регионот.

Related posts

Западните санкции врз руската нафта го намалуваат приходот на Москва, но не ја менуваат стратегијата кон Украина

admin

Буџет за 2024 – реален или предизборно напумпан?

admin

СКОПЈЕ И СОФИЈА БЛИСКУ ДО ДОГОВОР – ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ИЗМЕНИ УСТАВОТ!?

ninja

Швајцарија ќе ги отвори тајните досиеја за „Ангелот на смртта“ Јозеф Менгеле

admin

Викал „Алаху Акбар“ додека се обидувал да ја отвори вратата од авионот среде летот

admin

САД ги уништи нуклеарните бази на Иран, Техеран најавува “далекусежна одмазда”

admin