2.8 C
Скопје
28 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Што се очекува од новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески?

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески во средата официјално ја презеде функцијата, ветувајќи дека ќе работи независно, врз основа на Уставот, законите и меѓународните стандарди.

По давањето свечена изјава во Собранието, Савески пред медиумите изјави дека институцијата ќе одговори на очекувањата на граѓаните за правда и дека нема да дозволи политичко влијание врз обвинителството.

„Ова е голема одговорност… секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Верувам во обвинителскиот состав и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме очекувањата на граѓаните,“ рече Савески.

Тој им се заблагодари на пратениците и Владата за поддршката, како и на своите поранешни колеги од Основниот кривичен суд во Скопје.

Собранието го избра Савески со 66 гласови „за“, два „против“ и осум „воздржани“. Поддршка доби од владејачкото мнозинство, но не и од опозициските партии.

Савески најави дека ќе се фокусира на отчетност, транспарентност и дигитализација на обвинителството, оценувајќи дека условите за работа се еден од најголемите проблеми во системот.

Тој нагласи дека нема да има „селективна правда“ и дека секој предмет ќе се третира еднакво, во согласност со законските приоритети.

„За мене секој предмет има еднакво значење. Нема да правам приоритети надвор од законските основи,“ рече тој.

Савески, деветти државен јавен обвинител од независноста во 1991 година, доаѓа на функцијата по оставката на неговиот претходник Љупчо Коцевски. Неговиот мандат трае шест години со можност за реизбор.

Опозициската СДСМ оцени дека новиот обвинител го очекува голем обем на работа и побара постапување по, како што велат, случаите за корупција и сомнителни јавни набавки.

Од партијата порачаа дека ќе ја следат неговата работа и ќе оценуваат дали обвинителството ќе постапува независно и непристрасно.

Савески, пак, истакна дека политичките интереси „никогаш не биле дел од неговата работа“ и дека единствена обврска му е спроведување на законот.

Related posts

Тошковски: Институциите постапуваат по сите пријави, градењето не смее да биде тема само пред избори

admin

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

Самит ЕУ-З.Балкан во Тирана: Како да се поттикне економски развој?

admin

Мицкоски: Институциите остануваат ангажирани околу трагедијата во „Пулс“, одлуката за анкетна комисија е на пратениците

admin

Брисел против кинеската технологија: Нов закон ја дели Европа и ги крева безбедносните аларми

admin

ДУИ: балансерот ги вклучуваше, ВЛЕН ги исклучува Албанците

admin