2.8 C
Скопје
23 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Самит ЕУ-З.Балкан во Тирана: Како да се поттикне економски развој?

Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија ќе биде во фокусот на регионалниот самит што денеска се одржува во Тирана, еден ден по самитот „Украина-Југоисточна Европа“, јавува DW.

Средбата на високо ниво „Раст и конвергенција за Западен Балкан“ е продолжение на онаа што се одржа на 21-ви јануари во Скопје, кога лидерите на земјите од Западен Балкан беа запознати со можностите што ги нуди Планот за раст, кој предвидува помош за државите од регионот од 6 милијарди евра за периодот од 2024-2027 година. Од нив 2 милијарди евра се неповратна помош, а 4 милијарди евра во поволни кредити. Помошта е условена и ќе биде исплатена ако земјите ги спроведат неопходните реформи.

Фокусот на денешните разговори во Тирана ќе биде за унапредувањето на регионалната соработка и реализацијата на Заеднички регионален пазар, како процес на постепено вклучување во Единствениот европски пазар. Техничкиот премиер на РСМ Талат Џафери во Тирана е со владина делегација во чиј состав се првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик министерот за финансии Филип Николоски. Предвидено е Џафери да се обрати на панелот „Вовед во единствениот пазар“.

„Со комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји ќе се фокусираме на Планот за раст на Западен Балкан усвоен од ЕК, унапредувањето на регионалната соработка и реализацијата на Заеднички регионален пазар како процес на постепено вклучување во Единствениот европски пазар“, напиша Џафери на неговиот профил на Фејсбук.

Самитот ќе почне со воведните говори на премиерот Еди Рама и комесарот Вархеји, а по разговорите и усвојувањето на заедничка изјава на лидерите, ќе има прес-конференција. Покрај Вархеји, во Тирана е и генералниот директор за соседство и преговори за проширување во ЕК, Герт Јан Копман.

Економската конвергенција се смета за клуч за приближување на земјите од Западен Балкан до ЕУ, но таа во моментов не напредува доволно брзо. Просечниот БДП по глава на жител изразен во паритет на куповната моќ на Западен Балкан е меѓу 30% и 50% од просечниот БДП по глава на жител во ЕУ. Со комбинацијата на реформи и инвестиции, се смета дека Планот за раст има потенцијал да ја удвои економијата на Западен Балкан во следните 10 години.

Related posts

Додека плаќаа евтина струја никому ништо, сега бараат владина помош

ninja

Русија развива антисателитско нуклеарно оружје

admin

Папата предупреди за ризикот од вештачката интелигенција

admin

Италија потпиша договор за испраќање мигранти во Албанија

admin

Што се разговарало на средбата Блинкен-Ковачевски? Ескобар вели дека корупцијата била главна тема

admin

Кога лекувањето зависи од одлуките на политичарите: Државата ниту има услови, ниту ја плаќа рехабилитацијата во странство

admin