Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска во Тирана изјави дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан постигнати се четири договори за новиот план за раст, пренесува Инбокс7.
На заедничката конференција за медиуми со премиерот Еди Рама, Вархеји рекол дека годинава треба да има резултати во овие четири области.
1. РЕГУЛАТОРНИ АСПЕКТИ
„Првата е за СЕПА, што значи сеопфатен преглед на сите регулаторни аспекти во нашите земји. Веќе гледаме дека земјите всушност се подготвуваат за ова и да бидам искрен, не би требало да биде премногу тешко, на пример, бидејќи банкарскиот систем главно има европски банки“, рече Вархеји.
Според него, „тоа значи дека тие мора да ги применуваат истите правила што ги применуваат во нивните земји на потекло, но предизвикот е колку брзо ќе успееме да постигнеме овие правила да станат конкретни на терен, односно колку брзо ние дали може да се применат, но мислам дека имаше широка согласност дека тоа ќе се постигне годинава и верувам дека ќе се постигне годинава“.
2. ЗЕЛЕНИ ЛЕНТИ
Комесарот подвлече дека вториот договор има врска со зелените ленти.
„Со зелените ленти подразбираме отстранување на сите времиња на чекање на граничните точки, што значи дека ќе се прилагодат царинските процедури за да се забрзаат граничните премини низ регионот. Веќе имаме неколку гранични премини кои работат во двојна форма за различни земји, но ова треба да го прошириме во сите земји од Западен Балкан, односно да го прошириме во сите земји, на сите гранични премини. Ова е повторно нешто што треба да се заврши до крајот на оваа година и на овој начин значително ќе се намалат деловните трошоци за различни бизниси во земјите од регионот“, појасни тој.
3. НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА
Третата област, продолжи Вархеји, “има врска со научно-истражувачката работа, што значи дека ја носиме следната генерација на различни индустрии во регионот”.
“Ова значи дека иновациите, истражувањата, научните истражувања, различните индустрии ќе имаат потреба од а, да речеме всушност за она што би се нарекло центар каде што се овие индустрии, јадро каде што може да се поддржат овие индустрии и ова се создава овде во Западен Балкан. Зборуваме за фармацевтските аспекти, за дигиталниот фармацевтски сектор каде секојдневно се применува знаењето за технологиите“, рече Вархеји.
4. БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ
„Последната, а можеби и не ја знам како што треба кратенката, јас самиот ја нарекувам бесплатна интернет мрежа на јавните простори низ Западен Балкан, за секој да има можност да пристапи на Интернет и да го гледаме ова како дел од економската инвестициски план, имаме средства за ова и сега мораме да ги опремиме општините со сите потребни алатки за да се реализира оваа година. Значи, ова се четирите приоритетни области за оваа година“, изјави еврокомесарот.
Тој додаде дека другото за кое нашироко се разговарало е што ќе правиме следната година.
„Сега чекаме самиот регион да ни донесе идеи, што сакаат земјите од регионот да се случи следната година, каде се пречките за економиите, за граѓаните, па какви работи можеме да постигнеме следната година во тие 12 месеци да постигнеме да прикажеме опипливи промени за граѓаните, а ова во однос на финансирањето е дополнително на 30 милијарди евра, инаку имаме 6 милијарди евра, 2 милијарди евра грантови, а остатокот во кредити. Така, како што рече премиерот, овие дополнителни средства ќе бидат одредени и ќе бидат за сите напори потребни за реформи, за приближување на вашите земји до членство во ЕУ“, заклучи комесарот за проширување.