36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПУТИН ВЕЌЕ ГО ИСПЛАНИРАЛ БЕГСТВОТО ОД РУСИЈА?

Дали неуспесите во Украина го прават сè понервозен? Рускиот претседател Владимир Путин, тврди негов поранешен соработник , веќе го има испланирано своето бегство од Русија во случај на пораз во војната.

Абас Гаљамов, поранешениот помошник на Владимир Путин, тврди дека рускиот претседател и неговите најблиски сојузници веќе имаат план за бегство, кој би бил спроведен ако работите тргнат наопаку во војната во Украина. Гаљамов, кој ги пишуваше говорите на Путин, го соопшти тоа вчера на својот Телеграм канал, повикувајќи се на анонимен извор за кој вели оти има инсајдерски информации.

Подготовката на планот за евакуација, наводно, започнал пролетта, а целата организација неофицијално е наречена „Ноева арка“. „Како што зборува името, тоа е потрага за нова земја во која би побегнал во случај ако ситуацијата дома стане непријатна. Соработниците на Путин не ја исклучија можноста да се загуби војната, да биде сменет од власт и потоа итно да се евакуира“, напиша Гаљамов.

Тој рече дека во почетокот се разгледувал план за евакуација во Кина, но подоцна се откажале од него поради стравот оти шансите за соработка со Кинезите се мали, особено поради тоашто тие „ги презираат губитниците“. Поради тоа почнале да се разгледуваат Аргентина и Венецуела како потенцијални опции, а Игор Сечин, сојузникот на Путин, бил задолжен за надгледување на планот за евакуација во Венецуела.

„Планот за евакуација покажува дека не оди сѐ по план“

Доказ дека имплементацијата е далеку отидена е „фактот оти Сечин ‘официјално поднел оставка’“ од нафтениот гигант Роснјефт, за да може во целост да се посвети за подготовка на планот за евакуација, додава Гаљамов. Телеграм каналот Можем Абјаснит, исто така, извести оти високи руски претставници почнале да купуваат недвижнини и да работат на добивање дозвола за престој во Венецуела.

Истовремено, пониско рангираните во претседателската администрација и во руската влада, наводно, бараат престој во Еквадор, Парагвај и во Аргентина. Гаљамов е уверен оти само постоењето на планот за евакуација покажува дека за Кремљ не оди сѐ по планот, иако руското раководство се обидува да ја убеди јавноста во спротивното./DW

Related posts

Незири: Наместо за европеизација ние зборуваме за дестабилизација

admin

Кушнер и Иванка Трамп на одмор во Албанија, се сретнаа со Рама – вложуваат над 1 милијарда долари во островот Сазан

admin

ДУИ: Владата на „српскиот свет“ го напаѓа најуспешниот министер за надворешни работи на земјата

admin

Мицкоски: Не го познавам лично Савески, но Владата го оцени како соодветен кандидат за државен обвинител

admin

Рама за настанот со Мицкоски во Пустец: „Циркус на балканскиот национал-фолклоризам“

admin

Таравари: Болката останува, но останува и одговорноста за грижа

admin