15.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СРБИТЕ ВО СЕВЕРНО КОСОВО ГИ НАПУШТААТ БАРИКАДИТЕ

Србите во северниот дел од Косово започнале да ги напуштаат подигнатите барикади. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја укинал зголемената борбена готовност на војската и полицијата.

На блокадата подигната во близина на местото Рударе веќе нема никого, шаторите на активистите се празни, пишува информативниот портал на српски јазик kossev.info.

Српскиот претседател Александар Вучиќноќеска најави дека барикадите ќе бидат отстранети во следните 48 часа. Косовски Срби во последните три неделиподигнаа барикади на повеќе места во северно Косово, меѓу другото ги блокираа и приодните патишта кон двата гранични премини кон Србија. Тие протестираа против апсењето на поранешен српски службеник во косовската полиција, кого косовските власти го товарат за предводење напади против членови на избирачка комисија. Суд од Приштина вчера го ослободи поранешниот службеник од истражен затвор и му ја замени мерката со куќен притвор.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја укина зголемената борбена готовностна војската и полицијата, јави државната агенција Танјуг, повикувајќи се на информации од претседателскиот кабинет.

Претседателот Вучиќ пред три дена го образложи подигањето на степенот на борбената готовност со најновите тензии во Косово.

Во меѓувреме е отстранета и блокадата од српска страна на граничниот премин Мердаре, каде вчера попречно поставени товарни возила го стопираа приодот кон најважниот граничен премин меѓу Србија и Косово.

Властите во Косовопоради тоа го затворија преминот од нивна страна. Денеска сообраќајот на Мердаре е повторно нормализиран, јавуваат медиумите.

Претставникот на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел го поздрави најновиот развој на ситуацијата. „Во најновата деескалација на тензиите во северно Косово победи дипломатијата. Насилството никогаш не може да биде решение. Сега итно се потребни напредоци во дијалогот“, напиша Борел на Твитер.

Србија до денес не се помирува со во 2008 година прогласената независност на својата поранешна покраина Косово, населена речиси исклучиво со Албанци, и смета дека територијата и натаму ѝ припаѓа. Областа северно од поделениот град Митровица е населена речиси исклучиво со Срби.

 

Related posts

Максим Саморуков, аналитичар: Русија не му нуди никаква позитивна агенда на Балканот

admin

Собранието ќе одлучува за два спорни закона за легализација на дивоградби

admin

Зошто младите во С.Македонија се склони кон корупција?

admin

Крстот на Шапка е урбана опрема и нема потреба да се легализира, смета централната власт – За партиите е предмет на политички пресметки

admin

РСЕ: Растот на јавниот долг го вклучува црвениот аларм

admin

Обвинителство поднесе обвинение за Феникс, за спомениците од Скопје 2014

admin