23.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЗАГИНАТИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКОТНИЦА ВО ПАРИЗ

Три лица загинаа, а неколку се повредени од истрели од огнено оружје во Париз. Полицијата уапси 69-годишен маж. Околностите на злоделото се нејасни. Истрели, меѓу другото, биле испукани и во центар на курдската заедница

Во вооружен напад во центарот на француската престолнина, три лица загинаа, а неколку други се ранети. Како што соопшти јавниот обвинител во Париз, покрената е истрага за намерно убиство и тешко насилство. Уапсен е 69-годишен маж кој е под полициски надзор. Станува збор за Французин кој од претходно и бил познат на полицијата поради два претходни обиди за убиство, информираат безбедносни извори. Според извештаите, тој не бил на списокот на потенцијално опасни лица на тајната служба. Осомниченот напаѓач е ранет и хоспитализиран, изјави градоначалничката на 10-тиот париски арондисман, Александра Кордебард.

Пукање во курдски центар

Смртоносни истрели, меѓу другото, биле испукани и во центарот на курдската заедница во Париз. Според Кордебард, напаѓачот пукал и во ресторанот и фризерскиот салон спроти центарот.

По пукотницата, полицајци ги обезбедуваа околните улици
По пукотницата, полицајци ги обезбедуваа околните улициФотографија: JULIETTE JABKHIRO/REUTERS

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин најави дека ќе го посети местото на нападот. Тој на Твитер упати зборови со поддршка до семејствата на жртвите од нападот, чиј мотив сѐ уште не е расветлен.

Психолошко советувалиште за засегнатите

Градоначалничката  на Париз, Ан Идалго најави отворање на специјално психолошко советувалиште за засегнатите во градското собрание на 10-от арондисман. Таа им се заблагодари на итните служби и им изрази сочувство на семејствата на жртвите.

Париската полиција не објави никакви информации за инцидентот, но ги повика луѓето да ја избегнуваат областа./DW

Related posts

ВУЧИЌ И КУРТИ ГО ПОТВРДИЛЕ СВОЕТО УЧЕСТВО НА СРЕДБАТА ВО ОХРИД

ninja

Кампанја на Фондацијата на УЈИЕ: Економско зајакнување на жените – предуслов за развој

admin

Кина и Русија го критикуваат Израел, се заоструваат поделбите со Западот

admin

Пешевски од ССМ: Нема цена што ќе натера градежен работник да работи 60 часа неделно

admin

Форум за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации

admin

Коридорот се лизга на лушпа од бањички кромид

admin