22.5 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

КУРТИ: АКО ИМА ВОЛЈА, ЌЕ ИМА И ДОГОВОР ЗА КОСОВО И СРБИЈА

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека конечен договор меѓу Косово и Србија, доколку постои сериозна желба за нормализација на односите, може да се постигне веќе за неколку месеци, односно до идната пролет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќање пред новинарите по денешната посета на невладината организација Хендикос, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Курти рече дека за конечен договор воопшто не се потребни години, под услов тоа навистина да се сака.

„Ако сериозно сакаме договор и ако навистина сакаме целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, воопшто нема сомнежи дека за тоа не се потребни неколку години, туку би рекол дека се доволни неколку месеци, секако пред напролет идната година“, рече Курти.

Тој изјави дека последните именувања на Срби за членови на неговата Влада, на кои се противат најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) и официјален Белград, ги извршил согласно одредбите на Уставот на Косово со кои се регулираат малцинските права.

По оставките на членовите на СЛ, на почетокот на ноември, од Владата и од Собранието на Косово, Курти завчера го именува претседателот на Демократската прогресивна партија, Ненад Рашиќ за нов министер за заедници и враќање, а потпретседателката на истата партија, Рада Трајковиќ за советничка на премиерот.

На одлуката на косовскиот премиер остро се спротивставија СЛ и властите во Белград, оценувајќи дека постапил спротивно на Уставот на Косово.

Related posts

Курти во Скопје со Меџити и Касами: ВЛЕН најавува „плодна соработка“

admin

Агелер: Судски совет треба да ги казнува оние кои мислат дека се над законот

admin

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

МЕДВЕДЕВ: РУСИЈА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ДОКОЛКУ ЗАГУБИ ВО УКРАИНА

ninja

Разрешен Иван Гешев

admin

„Дневник“: Власта во Скопје го користи спорот со Бугарија за мобилизација против опозицијата

admin