19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БОРИС ЏОНСОН: ПУТИН ЛИЧНО МИ СЕ ЗАКАНИ

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путрин лично му се заканил пред почетокот на инвазијата на Украина. „Во еден момент такаречи ми се закани и рече: ‘Борис, не сакам да те повредам, но со една ракета би траело само една минута’, или така нешто слично“, вели Џонсон во документарна емисија на Би-Би-Си која треба да биде емитувана вечерва (30.01), а пренесува агенцијата ПА.

„Ако се суди според опуштениот тон и релаксираноста која тој се чини ја имаше тој ден, веројатно едноставно си поигруваше со моите обиди да го натерам на преговори“, вели Џонсон.

Поранешниот британски премиер, како и други премиери, правеа обиди непосредно пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година да го одвратат Путин од намерите. Ваквите изјави се дадени во тој период.

Борис Џонсон во јули 2022 година под притисок на неговата партија се повлече од функцијата лидер на британските конзервативци и премиер. Причина за тоа беа т.н. партигејт-афера, односно забавите на Даунинг стрит во време на корона-локдаунот, како и неговиот однос кон скандалите. Предмет на критика постојано беше и неговиот опуштен однос кон вистината.

Related posts

Николај Крастев: Партијата на Палевски беше една од двете антибугарски формации

admin

Високо ризични разговори во Пакистан за крај на конфликтот

admin

Обвинувања за „тајни сценарија“ и политички пазар пред локалните избори

admin

Ексдиректорот Димовски: АНБ лажела за истрагата – предметот го работеле прераспоредени службеници, не внатрешната контрола

admin

Пратениците од треттата изборна единица пријавиле имот од скоро 2.5 милиони евра

admin

Хамас вели дека е подготвен на долга војна со Израел

admin