30.6 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нема пресуда за вина: Предметот „Тотал“ затворен без осуда за Драган Павловиќ-Латас

Основниот кривичен суд Скопје донесе одбивателна пресуда во предметот „Тотал“, откако Јавното обвинителство целосно се откажа од обвинението за даночно затајување против новинарот Драган Павловиќ-Латас.

Од Кривичниот суд соопштија дека обвинителот најпрво го изменил обвинителниот акт врз основа на супервештачење од областа на економското и финансиското работење, по што утврдил дека за две обвинети правни лица не се исполнети законските елементи на кривичното дело, додека за Латас и едно правно лице во меѓувреме настапила апсолутна застареност на кривичното гонење.

Јавното обвинителство соопшти дека супервештачењето го намалило износот на наводното даночно затајување, поради што обвинението морало да биде преквалификувано од потежок во полесен облик на делото. Со таа преквалификација, според Обвинителството, настапила апсолутна застареност на 15 март 2024 година.

Предметот „Тотал“ беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство и се однесуваше на наводно даночно затајување во периодот од 2008 до 2015 година преку фирмите „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“.

По објавувањето на одлуката, опозициската СДСМ оцени дека случајот е доказ за, како што наведува партијата, политичко влијание врз Обвинителството и правосудството.

Пресудата, според информациите од Судот, е донесена во мај годинава и веќе е правосилна.

Related posts

ВИДЕО ВО ЖИВО Мир и демократија наспроти војна и автократија

admin

„Целосна воздушна доминација“: Израел ги урива иранските ракети, Техеран се соочува со масовна евакуација!

admin

ЕУ ја прошири листата на санкции: Руски пропагандисти и медиумски фигури под удар

admin

904 УАПСЕНИ – Разбиена огромна криминална мрежа низ Балканот!

admin

Србија со ограничување на маржите и каматите: какви придобивки ќе имаат граѓаните?

admin

Попис за отпис на резултатите: Македонците со декларација

admin