14.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ГЕРМАНИЈА ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ НА НАЦИЗМОТ

„Страдањето на 6 милиони невино убиени Евреи не смее да се заборави, како ни страдањето на преживеаните“, порача Шолц на Твитер.

Комеморации за жртвите на Холокаустот во петокот се одржаа ширум Германија. Во парламентот се обрати преживеаната од Холокаустот Розете Кац.

Претседателката на Бундестагот Барбел Бас го отвори настанот на кој присуствуваше и сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.

Комеморациите годинава се фокусирани на луѓето кои биле прогонувани од нацистите поради својата сексуална ориентација или идентитет.

Активистите работеа повеќе од 20 години за да основаат официјална церемонија за ЛГБТ жртвите на нацизмот, оценувајќи дека нивното искуство било омаловажувано или заборавено.

Ужасна бруталност  

Претседателката на Бундестагот, Бас, рече дека геј-мажите биле убивани, кастрирани и подложувани на ужасни „медицински“ експерименти во концентрационите логори каде биле на дното на „затвореничката хиерархија“. Илјадници лезбејки, трансродови лица и сексуални работнички биле прогласени за „дегенерици“ и затворани во кампови под брутални услови.

Бундестаг
Комеморација во Бундестагот по повод Денот на жртвите од ХолокаустотФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

„Се сеќаваме на сите луѓе кои беа прогонувани од Националсоцијалистите- ограбени, понижени, маргинализирани, измачувани и убиени“, порача Бас.

Германија официјално го чествува Денот на сеќавање на Холокаустот, годишнината од ослободувањето на Аушвиц, од 1996 година со церемонија во Бундестагот и со комеморации ширум земјата.

На 27 јануари 1945 година, војници на Црвената армија ги ослободија преживеаните затвореници во концентрациониот логор Аушвиц и од другите логори во окупирана Полска. Нацистите во него убиле повеќе од еден милион луѓе, повеќето Евреи.

Related posts

Предизборни вработувања: Врие од огласи, се бараат “гласачи”

admin

Разрешен Иван Гешев

admin

Ахмети му враќа на Меџити: ДУИ беше, е и ќе остане авангарда на националното прашање

admin

Ремонт на „балансерот“ за државно вработување или целосна замена?

admin

БЕРБОК: МОЖЕН НЕУСПЕХ НА КЛИМАТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

ninja

Крај на старите и крах за новите патни исправи

admin