21.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ИЗРАЕЛ ОДГОВОРИ СО ВОЗДУШНИ НАПАДИ НА РАКЕТИРАЊЕТО ОД ГАЗА

Во екот на исклучително тензичната ситуација по убиството на десет Палестинци на Западниот Брег, Израел денеска изведе неколку воздушни напади во Појасот Газа. Тие се реакција на истреланите ракети од палестинската област, соопшти израелската армија, според која биле бомбардирани позиции на радикалното движење Хамас.

Ракетите испалени од Појасот Газа, за кои досега никој не презеде одговорност, биле пресретнати од израелската противвоздушна одбрана. Но, и Хамас и Исламски џихад се заколнаа на одмазда по судирите во кои израелската армија вчера (26.02.2023) уби десет луѓе во Западниот Брег.

Во израелска рација, за која израелската армија тврди дека била антитерористичка операција, во бегалскиот логор Џенин вчера биле убиени девет лица. Палестинците ја обвинуваат израелската војска за намерно користење солзавец во детски оддел во една болница, што Тел Авив го негира.

Толку висок број на жртви во поединечна израелска акција во Западниот Брег, според ОН, не е регистриран од почетокот на нивната евиденција во 2005 година. Освен тоа, како што тврди палестинското Министерство за разузнавање, вчера е убиен еден човек од страна на израелски војници во близина на Ерусалим.

Со вчерашните жртви, бројот на убиени Палестинци оваа година во Западниот Брег се искачи на 30, најголем дел од нив настрадале во судири со израелската армија.

Related posts

ВМРО-ДПМЕ должи над 2 милиони евра, намален е за 6 милиони

admin

Ердоган ја постави новата влада, елиминирани трите претенденти за негов наследник

admin

Незири за Фокус: Зошто ДУИ ги поразува сите ривали цели 20 години

ninja

Мицковски најавува дека нема да ги гласа уставните измени: Ковачевски да внимава, да не се редефинира државата

admin

ГЕРМАНИЈА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС

ninja

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА? КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО ДУИ Е ТРАНСПАРЕНТЕН

admin