22.8 C
Скопје
12 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЗАКАНИТЕ НА АНГЕЛ ЏАМБАСКИ ГИ КРЕНАА ИНСТИТУЦИИТЕ НА НОЗЕ

Министерството за надворешни работи (МНР) остро ги осуди изјавите на европратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски, кој денеска најави дека на 4 февруари ќе се обиде да влезе во земјата, истовремено упатувајќи закани до претседателот Стево Пендаровски. Изјавата на Џамбаски се толкува како закана за атентат кон претседателот, откако тој предложи на неколкумина бугарски политичари да им се забрани влез во земјата. 

Џамбаски во изјава за бугарската телевизија Нова, му порача на Пендаровски да се потсети како заврши српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ кој беше убиен во атентат во Марсеј, Франција на 9 октомври 1934 година.

„Што се однесува до тоа да ми биде забрането да влезам во Македонија, нека се потсети Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, познат по прекарот Стево Коминтерната, дека многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил да речам, последниот таков резултат се случил со југословенскиот, српски крал Александар Караѓорѓевиќ. Така што, да учиме од историјата, ако се обиде да ми забрани влез во Македонија, нека ја види историјата и нека учи од неа“, рече Џамбаски.

Стево Пендаровски
Изјавата на Џамбаски се толкува како закана за атентат кон претседателот Стево ПендаровскиФотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Ваквата изјава ги крена институциите на нозе. МНР по дипломатски пат реагирало до бугарските колеги, а му препорачаа и на претседателот Пендаровски да реагира соодветно до својот колега, бугарскиот претседател Румен Радев. За ова однесување на Џамбаски, известување и барање за оградување ќе биде побарано и од претседателот на Европскиот парламент.

„Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава“, велат од МНР.

Принципи 

Претходно шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи порача дека принципиелно треба да им се забрани влез на сите лица кои покажуваат непочитување кон државата и нејзините граѓани. „Ние треба да воведеме принцип, кој ќе навреди на територија на Северна Македонија, ќе негира постоење на македонски народ, или ќе покаже територијални претензии, треба да му се забрани понатамошен влез во Република Северна Македонија. Секој кој ќе даде изјава која ќе негира суверенитет на една земја и ќе има територијални претензии, истиот ден треба да му се забрани влез. Тоа треба да го знаат сите”, истакна Османи.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека обидите да се нанесат штети во билатералните релации меѓу Р.С. Македонија и Бугарија, се обиди да се наштети и на единството во Европа. Тој е дециден дека Македонија останува посветена на развојот на добрососедските односи, во духот на европските вредности, преку меѓусебно почитување и политики на разбирање. Ваквите ставови тој ги изнесе и во интервју за српскиот весник „Политика“.

„Во официјалните односи и политики, па и меѓу граѓаните на двете држави има и меѓусебно разбирање и почитување. Верувам дека ќе успееме да се издигнеме над сите обиди од трети страни, кои имаат свои инсталации во двете држави и за туѓи интереси се обидуваат да наштетат на нашите билатерални односи“, вели Ковачевски.

Бујар Османи
Бујар Османи порача дека принципиелно треба да им се забрани влез на сите лица кои покажуваат непочитување кон државата и нејзините граѓаниФотографија: NMazedonien MFA

Препораки 

Најавите се дека безбедносните институции ќе постапат по препораките на Советот за безбедност и ќе забранат влез на сите странски државјани во земјата доколку се утврди дека се закана за јавниот поредок, националната безбедност или меѓународните односи. Ваквата најава доаѓа во пресрет на одбележувањето на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 4 февруари, кога во земјата се очекува да пристигне и организирана група од Бугарија. Дали некој ќе биде вратен на граница, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе се знае на 4 февруари. Ваквите мерки се преземаат по барање на претседателот Стево Пендаровски кој предложи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата во Северна Македонија. На листата на непожелни личности на кои би им бил забранет влезот во земјата би можеле да се најдат и други бугарски државјани, за кои постојат сомневања дека се поврзани со руската разузнавачка служба.

Related posts

Намалените казни ќе влијаат и врз примената на ПИМ

admin

Резолуцијата на САД ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin

Мехмети: Да не беа уставните измени, разликите меѓу Груевски и Мицкоски ќе останеа “под маса”

admin

Израел ќе одбие визи за претставници на ОН по говорот на Гутереш за војната во Газа

admin

Законот за амнестија по скратена постапка: Над илјада затвореници ќе бидат ослободени целосно или делумно

admin

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin