3.8 C
Скопје
19 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ОСМАНИ: БУГАРИЈА ПОТКЛЕКНА ПРЕД ПРОВОКАЦИИТЕ

Мерките и активностите коишто ги презема Бугарија, којашто го повлече амбасадорот во Скопје и најави прекин на проекти со Северна Македонија, не е во духот на добрососедството. Бугарија потклекна кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји, оцени шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на денешната собраниска седница, каде развојот на односите со Бугарија се наметна како една од главните теми. Иако повикувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и редовна дипломатска пракса, Османи смета дека ваквиот чекор на Бугарија е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален.

„Последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи; напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји“, вели тој.

Бујар Османи
Последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи, вели Бујар ОсманиФотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

Решителност, а не сервилност 

Опозициските пратеници во Собранието упатија критики до Владата, обвинувајќи ја за нерешителност и за сервилност кон Бугарија. „Со нерешителноста, со тоа што одлучивте да бидете сервилен, оставате простор за вакви провокации. Државата треба да покаже решителност, место сервилност кон Бугарија“, му порача на премиерот Димитар Ковачевски пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој побара одговор од надлежните министри и од премиерот за развојот на настаните со Бугарија.

„Во Северна Македонија не постои антибугарска омраза и хистерија. За последните инциденти и за сите останати има одговорни лица и не може цела една држава да се обвини за постапка на неколку поединци. Се преземаат сите мерки согласно надлежностите на институциите и земјата продолжува да биде конструктивен партнер во регионот и пошироко“, порача Ковачевски пред пратениците.

Тој е дециден дека во пресрет на 4 февруари, ќе бидат преземени сите активности за да се организира мирно и достоинствено чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во тој контекст неколку дена претходно, но и на самиот ден, полицијата согласно безбедносните информации со кои што располага, ќе одлучи дали на некои лице ќе му биде забранет влез во земјата, согласно Законот за странци.

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски вели дека во Северна Македонија не постои антибугарска омраза и хистеријаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Сезона на лов на провокатори

„Сезоната на лов на провокатори и политички профитери е почната. Тоа што нам ни треба е да го зачуваме интегритетот и имиџот кој макотрпно го изградивме пред светот дека тука нема политика на дискриминација кон ниту една заедница, ниту на бугарската. Може да има поединечни проблеми за кои сме подготвени да разговараме“, оцени шефот на дипломатијата.  Тој вели дека земјата треба да изгради стратегија за заштита на јавните интереси, а не да јава не на бранот на јавноста.

„Најлесно е некој политичар да се качи на вагонот на емоциите на јавноста. Но, треба да прекине овој циркус на провокации кој се создава меѓу двете држави, мора да се стави крај, бидејќи станува збор за групи кои се заинтересирани да ги киднапираат односите, поради трети страни.

„Во периодот што следи остануваме внимателно да ги следиме сите изјави и постапки на официјална Софија, очекувајќи смирување на страстите и отстранување на провокациите, со цел повторно враќање на дипломатските активности, на приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн., кои се во насока на зачувување и унапредување на добрососедските односи“, додаде Бујар Османи.

И Мицкоски прашува кои се тие „странски служби“

По бројните обвинувања деновиве изнесени од страна на државниот врв дека сили однадвор и одвнатре се обидуваат да ја киднапираат ситуацијата и со провокации да ги нарушат односите со Бугарија, денеска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара одговор кои се тие „странски служби и фактори“.

„Кои се практично луѓето кои сакааат да ја дестабилизираат Македонија? Прво почнаа со тезата дека ќе прогласуваат персона нон грата, па потоа се повлекоа. Чекаат да дојде 4 февруари па да се случат инциденти?  Ангел Џамбаски буквално како циркузант во естрада се однесува за да добие некој политички поен повеќе со навредување на Македонците“, вели Мицкоски.

Related posts

РЕПУБЛИКАНЦИТЕ НЕ ГИ ГИ ИСПОЛНИЈА ОЧЕКУВАЊАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД

ninja

Бугарија се однесува со С.Македонија исто како и Русија со Украина

admin

Израел и и германскиот државен резон: Што значи тоа?

admin

Анализираат и стручни и нестручни лица! Колку долго ќе трае реконструкцијата на мостот „Беласица“?

admin

Ново мнозинство во Собранието: Крчкање на тивок оган

ninja

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin