26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПЛЕНКОВИЌ СМЕТА ДЕКА МИЛАНОВИЌ ГО УРИВА НАДВОРЕШНОПОЛИТИЧКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА ХРВАТСКА

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска оцени дека претседателот Зоран Милановиќ, со своите изјави, „го урива надворешнополитичкиот кредибилитет на Хрватска“.

Неговата реакција следува откако Милановиќ вчера изјави дека „Крив веќе нема да биде Украина“. На неговата изјава денеска реагираше и портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олех Николенко, кој на Фејсбук напиша дека е неприфатливо што Милановиќ го доведува во прашање „територијалниот интегритет на Украина“.

Русија нелегално го анектираше Крим од Украина во 2014 година.

Во изјава за новинарите во Загреб, Пленковиќ рече дека „Украинците реагираат така како што треба да се реагира“.

„Реагираат на оној кој во меѓународната заедница го урива нашиот надворешнополитички кредибилитет, а тоа е Милановиќ, кој изговара погрешни реченици“, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека Хрватска има одлични односи со Украина, а дека Милановиќ „изговара погрешни ставови и судови“.

Милановиќ вчера изјави дека „Крим веќе нема да биде Украина“ и дека „Косово е одземено од Србија“.

Претседателот Милановиќ доаѓа од Социјалдемократската партија, додека премиерот Пленковиќ е претседател на конзервативната Хрватска демократска заедница. Тие веќе долго време имаат нарушени односи.

Related posts

Мајски одговор за Мајскиот договор

admin

Полска бара објаснување откако поранешен министер избегал од Унгарија во САД

admin

Груби најавува голема инвестиција од Белгија, 600 нови работни места со над 900 евра месечна плата

admin

СДСМ обвинува, Нелоски демантира: Скандалот со фирмата на таткото на шефот на кабинетот се заострув

admin

„Никој не е над законот“: премиерот со реакција за случајот

admin

МОСКВА СЕ ЗАКАНУВА СО НАПАДИ ВРЗ ДРЖАВИ ОД НАТО

ninja