29.8 C
Скопје
23 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕП: ОД 2035 НЕМА ВЕЌЕ АВТОМОБИЛИ НА ДИЗЕЛ И БЕНЗИН

Европскиот парламент донесе одлука од 2035 година да не се издаваат дозволи за нови автомобили со мотори на внатрешно согорување.

Мнозинството европарламентарци денеска во Стразбур гласаа од 2035 година да важи забрана за нови автомобили со мотор на дизел или бензин, што е формална согласност на договорот постигнат меѓу Европскиот парламент и земјите-членки во октомври минатата година.

По зеленото светло во националните парламенти, недостигаше уште дефинитивната одлука во ЕП. Согласноста предвидува од 2035 година да се дава дозвола за регистрација само за автомобили и возила без штетни емисии на гасови. Спорна точка во преговорите беше воведувањето исклучок во врска со автомобилите на погон на синтетички горива.

Овие т.н. е-горива најчесто се произведуваат од вода и ЦO2 и притоа се користи електрична енергија. Според договорот од октомври, Европската комисија треба да изврши проверка дали во иднина ќе може да се дава дозвола за возилата на ваков погон.

Германската влада, на инсистирање на германските Либерали, на ниво на ЕУ успеа да дојде до внатрешен компромис за тоа технологиите како што се е-горивата да не бидат однапред исклучени.

ЕК треба да ги претстави и своите планови за намалување на емисијата на ЦО2 од товарните возила и автобусите, пришто повторно во фокусот е прашањето каква улога во иднина ќе има моторот на согорување кај тешките товарни возила и колкаво ќе биде значењето на електромобилноста.

Предлозите на Европската комисија за товарните возила се дел од климатскиот пакет со кој ЕУ планира намалување на емисијата на ЦО2 до 2030 година за 55 проценти.

Related posts

Шефот на дипломатијата Османи утре ја носи цела ОБСЕ во Тетово

admin

Османи смирува: Изјавата на Макрон е погрешно разбрана

admin

Зеленски ќе ја посети Германија

admin

ДРЖАВАТА ЌЕ МОРА ДА ГИ ПОКРИЕ ДЕЛ ОД ДОЛГОВИТЕ ЗА СТРУЈА

ninja

Извонреден концерт со Благој Нацоски, Паола Кампоново и Алфредо Блесано во Сан Квирино ди Порденоне

admin

Саманта Пауер: Руската инвазија на Украина влијае на светската безбедност на храната

ninja