14.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

РЕВИЗОРИТЕ УТВРДИЈА НИЗА СЛАБОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ФЗО

Несоодветни контроли при препишување и издавање лекови, пропусти при исплата на надоместоците за породилно отсуство, сомнеж во финасиските извештаи – ова се само дел од забелешките на ревизорите.

За три години од македонските граѓани во приватното здравство се прелеале најмалку 19,9 милиони евра, само за ПЦР тестови за време на ковид-пандемијата, се наведува во ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на држава извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 приватни и јавни лаборатории, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови.

Државниот завод за ревизија наведува бројни забелешки, системски слабости и пропусти во работењето на оваа државна институција во 2021 година. Несоодветно спроведени контроли при процесот на препишување и издавање лекови, пропусти при исплата на надоместоците за породилно отсуство, но и нереално прикажана состојба во дел од финансиските извештаи се само дел од пропустите коишто ги утврдиле ревизорите.

Клучни слабости 

Клучните системски слабости се дека не е ажурирана Листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, како неодржливост на 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи поради реализирани помалку услуги за договорените пари.

Ревизорот изразува резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година. Исто така утврдени се слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираната услуга. Ревизорите увиделе и слабости во контролите при препишување и издавање лекови.

Државниот ревизор утврдил пропусти и во постапката во која осигурените лица се упатуваат на лекување во странство, при што во целост не се обезбедила соодветна правна заштита на барателите, а не бил воспоставен ниту систем за контрола на успешноста на лечењето во странство. Неправилности во работењето на ФЗО за 2021 година се утврдени и во исплатата на надоместоци за породилно отсуство, при што тие се исплаќале и во случај кога осигурениците добивале плата за ефективни часови на работа.

Ревизорите препорачуваат дека е потребно во ФЗО да се воспостави систем на планирање, следење и контрола на извршените здравствени услуги и издадени рецепти, како и контрола кај условениот надоместок за болниците и клиниките.

Related posts

СЗО СМЕТА ДЕКА КОВИДОТ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМА СЛИЧНА ЗАКАНА КАКО И ГРИПОТ

ninja

Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од Владата

admin

Да се укинат патните трошоци за пратениците – Ветување коешто „најлесно“ се заборава

admin

Плановите на Мицкоски: Орден за Орбан и соработка со Трамп

admin

По дијагнозата рак: Голема загриженост за кралот Чарлс Трети

admin

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата нема двотретинско мнозинство: ДУИ и СДС “барајќи рогови ќе ја изгубат и главата”

admin