10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

САД И ЕУ ПРЕДУПРЕДИЈА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ДОКОЛКУ КИНА ОБЕЗБЕДИ ПОМОШ ЗА РУСИЈА

Соединетите Држави и Европската Унија денес предупредија на последиците доколку Кина обезбеди помош за руските сили кои се борат во Украина.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен им рече на новинарите дека ќе има „вистински последици“ во односите меѓу САД и Кина и дека загриженоста на САД директно ја споделил со највисокиот кинески претставник за надворешна политика Ванг Ји.

„Мислам дека Кина разбира што е загрозено доколку продолжи со таа поддршка за Русија“, рече Блинкен.

Тој додаде дека многу други земји многу сериозно ќе ја сфатат таквата воена помош од Кина за Русија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, на брифинг во понеделникот рече дека САД не се во позиција да поставуваат барања од Кина и дека односите на Кина со Русија се засноваат на „неврзување, неконфронтација и нетаргетирање на трети страни.“

„САД, а не Кина се тие што бескрајно испраќаат оружје на бојното поле“, рече Ванг Венбин.

Шефот за надворешна политика на Европската унија Џозеф Борел изјави за новинарите во Брисел дека разговарал за ситуацијата и со Ванг Ји и побарал од него да не и дава оружје на Русија.

Борел рече дека таквата кинеска помош „би била црвена линија во нашите односи“.

Тој зборуваше пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и рече дека најитна потреба на Украина е муницијата. Борел рече дека министрите ќе разговараат за тоа како побрзо да се обезбеди оружје, особено муниција, на украинските сили.

Некои информации за оваа приказна се од агенцијата Франс прес и Ројтерс

Related posts

Алиу формира експертска група за хантавирусот

admin

Г7 бара продолжување и проширување на договорот за извоз на украинско жито

admin

Европа ја напушта источната обала: Летните одмори се преселуваат поради војната со Иран

admin

Предметот што почна по смртта на 14 лица е затворен: Обвинителството не најде основа за гонење

admin

Владата на тест: Претставата заврши или почнува?

admin

Белата Куќа одби помилување на синот на Бајден

admin