15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БАЈДЕН ОД КИЕВ НАЈАВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА

Американскиот претседател Џо Бајден дојде во ненајавена посета во понеделникот на Украина, неколку дена пред годишнината од руската инвазија, велејќи дека е таму за да „ја покаже поддршката за независнос, суверенитет и територијалниот интегритет на Украина“.

Зборувајќи заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски во палатата Марински во Киев, Бајден најави нова американска помош од 500 милиони долари, вклучувајќи артилериска муниција и противтенковско оружје. Тој исто така рече дека оваа недела ќе има нови санкции на САД против Русија.

„Путин мислеше дека Украина е слаба, а Западот е поделен“, рече Бајден. „Мислеше дека може тие да не издржат. Мислам дека не го мисли тоа во моментов“.

Зеленски му се заблагодари на Бајден што дошол во момент кога и е најпотребен на Украина и рече дека со нетрпение очекува да разговара за ситуацијата на бојното поле со американскиот лидер.

Официјалниот распоред на Белата куќа објавен во неделата вклучува и посета на Бајден утре во Варшава, во кои се опишуваат напорите на САД да се собере сета поддршка за Украина.

Бајден, исто така, треба да се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и со водачите на групата земји од Букурешт, пред да се врати за Вашингтон во среда.

 

 

 

 

Некои информации за оваа приказна се од агенцијата Франс прес и Ројтерс

Related posts

Муцунски: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството не се предмет на преговори

admin

СДСМ ќе ја топи разликата, ВМРО-ДПМНЕ открива црни сценарија

admin

Мицкоски со порака до Касами: Коалициите треба да се градат на вредности, не на етнички поделби

admin

Косово гласа на предвремени избори по месеци политички ќорсокак

admin

Поранешниот вицепремиер Артан Груби приведен на граничниот премин Блаце

admin

Граѓани од Аеродром протестираат: Бараат 24-часовен надзор и обезбедување на депонијата Вардариште

admin