11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КОВАЧЕВСКИ: СЕ ПРАВАТ НАПОРИ ДА ИМ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Се прават напори да им бидат исплатени платите на здравствените работници, вели во интервју за МИА, премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски вели дека пари за плати во буџетот има, но проблем е исплатата поради хакираниот систем на Фондот за здравствено осигурување, за кој вели дека се уште се работи на негово решавање.

„Јас го разбирам револтот на здравствените работници. Прво, имаше информации дека немало пари во Буџетот. Пари во Буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на којшто се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови. Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот тоа да може да се направи од централниот трезор што е комплицирана работа, меѓутоа на која што се работи, вели Ковачевски.

Системот на Фондот за здравство веќе со недели е хакиран, поради што здравствените работници немаат плата, а граѓаните не можат да добијат исплата за боледувања, породилно отсуство и рефундации. Дел од здравствените синдикати веќе најавија и можни протести наредната недела.

Related posts

ВЛЕН: Ахмети и ДУИ го доживуваат својот политички крај

admin

Судир околу автономијата – реформата на високото образование отвора нов фронт меѓу државата и универзитетите

admin

Албанија на парламентарни избори, Рама цели на четвртиот мандат

admin

Израел го гранатираше бегалскиот камп Џабалија, над 50 цивили загинале

admin

ЕУ објави нова ранг-листа: Еве каде граѓаните живеат најдобро, а каде најтешко

admin

Германија ниту во војна, ниту во мир со Русија

admin