36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

На Мадуро ќе му се суди во САД, реагира ЕУ

Претседателот на Европската унија, Антонио Кошта, изјави дека ја следи ситуацијата во Венецуела со „голема загриженост“ и повика на деескалација и решавање на кризата во целосно почитување на меѓународното право и Повељата на Обединетите нации.

„Европската унија ќе продолжи да ја поддржува мирната, демократска и инклузивна разрешница во Венецуела“, додаде Кошта. Тој исто така го поддржа напорот на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, во координација со земјите-членки, за обезбедување безбедност на европските граѓани во земјата.

Калас, пак, изјави дека разговарала со американскиот државен секретар Марко Рубио и со амбасадорот на ЕУ во Каракас. „ЕУ ја следи ситуацијата во Венецуела. Многупати изјавивме дека г. Мадуро нема легитимитет и го поддржуваме мирниот транзит на власта. Во секоја ситуација мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повељата на ОН. Повикуваме на воздржаност. Безбедноста на граѓаните на ЕУ во земјата е наш врвен приоритет“, рече Калас.

Истовремено, американската главна обвинителка Памела Бонди соопшти дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга, Силија Флорес, се обвинети пред Судот за јужниот округ на Њујорк. Мадуро се товари за заговор за нарко-тероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување на автоматски пушки и уништувачки уреди, како и заговор за поседување на исти оружја против САД.

„Тие наскоро ќе се соочат со целосната правна одговорност на американската правда на американска територија, пред американски судови. Во името на целиот Департмент за правда на САД, сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за храброста да побара одговорност во име на американскиот народ, како и огромно благодарност до нашите храбри војници кои ја изведоа неверојатно успешната операција за апсење на овие двајца наводни меѓународни нарко-трафиканти“, рече Бонди.

 

Related posts

„Безбеден град“ носи небезбедни џебови: Oва е листата на казните

admin

Истекува мерката за ограничување на маржи, политички препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

admin

ВЛЕН: Османи одржал 11 средби во Белград, ниедна во Приштина

admin

ЕУ пред нова битка: Германија бара кратење на моќта на Комисијата

admin

Градоначалникот на Струга тужен поради албанско знаме

admin

Тензиите во Кашмир се зголемуваат по нападите со дронови, и покрај договорот за прекин на огнот

admin