20 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: „СТОИМЕ ЗАЕДНО СО УКРАИНА ЗАД КОЈА СЕ ОБЕДИНИ ЦЕЛИОТ ДЕМОКРАТСКИ СВЕТ“

Со едноминутно молчење, во Скопје, почна одбележувањето на годишнината од почетокот на руската агресија врз Украина.

Државно-владиниот врв, кој денеска се собра на едно место, ја повтори пораката која Северна Македонија ја праќа од стартот на инвазијата – „стоиме заедно со Украина зад која се обедини целиот демократски свет“.

„Сликите и сведоштвата од Буча, Ирпињ, Мариупол, Херсон, Харков и другите украински градови и села говорат за отсуство на базичното чувство за хуманост на руската воена машинерија, но, сведочат и за тоа до што може да доведе една анахрона и автократска политика кога за архитектите на оваа војна ниту илјадниците мртви на нивна страна не се доволна причина за запирање на спиралата на безумие. На страната на демократскиот дел од светот не смее да има никакво двоумење дека сите злосторства треба да бидат детално истражени, а виновниците соочени со правдата.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Во првите денови од инвазијата малку кој веруваше дека Украина ќе успее да се одбрани од руската воена машинерија.

„Што одбележуваме денес – 365 дена пркос, храброст, истрајност да се одбрани сопствената територија.“, оцени Славјанка Петровска, министерка за одбрана.

Кај надлежните нема никаков сомнеж дека рускиот напад претставува директно кршење на меѓународниот поредок и системот на безбедносна архитектура.

„Оваа војна не е само за Украина, бруталниот напад на Русија ја уништи глобалната безбедност“, изјави Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Скопје.

Европските дипломати се загрижени за безбедноста на Западен Балкан зашто процените се дека регионот е цел на руско дејствување, но од поинаков вид.

„Друга кампања со која треба да се справиме е руската информациска војна. Оваа агресивна пропаганда на дезинформации, која вклучува оправдување и негирање на злосторствата, сака да ја претвори окупацијата во нормална работа и со тоа сака да ја префрли вината за инфлацијата и кризата со цените на храната и енергенсите врз државите кои ја поддржуваат Украина. Оваа пропаганда и ширење дезинформации е загрижувачки присутна и на Западен Балкан и во Северна Македонија.“, заклучи Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.

Вашингтон, кој ја предводи меѓународната поддршка за Украина, вели дека ја вреднува помошта што земјава ја пружа.

На лидерите на Северна Македонија сакам, во името на САД, да им изразам благодарност за континуираната заложба да се спротивстави на руската агресија.
Мејер, заменик-амбасадор на САД во Скопје

„На лидерите на Северна Македонија сакам, во името на САД, да им изразам благодарност за континуираната заложба да се спротивстави на руската агресија. Пак ја докажавте својата вредност како сојзуник на НАТО и бранител на демократските вредности.“, изјави Ерик Мејер, заменик-амбасадор на САД.

Во изминатата година Северна Македонија се приклучи на сите санкции на ЕУ против Руската Федерација, во неколку наврати прати воена помош за Украина, а Собранието усвои декларација со која се осуди агресијата која го загрозува украинскиот територијален интегритет и суверенитет.

Related posts

Фон дер Лајен ќе го прескокне најголемиот европски самит во Британија во последните години

admin

Алексеј Навални пронајден мртов во затворот

admin

Георг Георгиев: Препреговори со Северна Македонија не се можни

admin

„Не“ за рудници во дворовите, не покрај нивите – Повик за гаранција за еколошки параметри во првата Стратегија за рударство

admin

СДСМ, ДУИ и Алијанса на три ума за една предизборна листа

admin

Рустеми: Со „Бектел и Енка“ промовираме нов, ефикасен и модерен концепт на проектирање и градба

admin