25.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Коха Диторе: Косово и Северна Македонија не ги исполнија обврските за патот Призрен-Тетово

Изградбата на патот Призрен – Тетово не се очекува да почне пред една година. Тоа е затоа што двете влади, Косово и Северна Македонија, сè уште го немаат финализирано финансискиот договор. Но, двете страни велат дека се блиску до финализирање и потоа се очекува дизајнот на проектот, пишува  косовскиот весник Коха Диторе, пренесува Инбокс7.

И по две години, Владата на Косово и таа на Северна Македонија не успеаја да го финализираат финансискиот договор за патот Призрен-Тетово. Договорот меѓу двете влади за овој пат беше потпишан во септември 2021 година, но освен физибилити студија, проектот се уште не е изготвен, а уште помалку почетокот на работите на него. Прашањето за патот беше актуелизирано по посетата на премиерот Албин Курти на Тетово, што се одржа во петокот.

Заменик министерот за инфраструктура на Косово, Хисен Дурмиши, рече дека се блиску до финализирање на овој договор. Според него, веќе е избрана опцијата со тунелот долг 6,4 километри.

„Во моментов го финализираме финансискиот договор и ги подготвуваме работните задачи за дизајнот на главниот проект. Во текот на неделата имав средба со тамошниот заменик министер за транспорт Беким Реџепи. Ги договоривме основните принципи на финансискиот договор за проектирање на проектот за главниот тунел на патот Призрен-Тетово“, рече Дурмиши.

Работите на овој пат не се очекува да започнат пред следната година. Така барем изјави за македонските медиуми вицепремиерот на Северна Македонија, Артан Груби.

„Проектот за кој станува збор беше наш предлог и беше претставен на Владата на Косово, при што беше прифатен од нивна страна и беше потпишан договорот. Комисиите ја утврдија трасата и го договорија поврзувачкиот тунел. Сега сме во фаза на најава за проектирање, фаза која трае преку една година“, рече тој.

Премиерот Албин Курти при посетата на Тетово, без да наведе кој е причината за доцнењето на изградбата на овој патен правец, рече дека тие доцнења се неразумни.

„Целиот проект чини 200 милиони евра. Тоа не е висока цена, додека бенефитот е извонреден. Затоа, доцнењата за оваа инфраструктурна оска се неразумни и штетни и барам помош од сите вас и секој од вас кои сте тука и кои не следат, сега или подоцна, заедно да се мобилизираме и активираме“, нагласи Курти. Овој пат, според двете страни, ќе послужи за планинскиот туризам меѓу двете земји.

Со изградбата на оваа оска, патот Тетово-Призрен од околу 3 часа колку што е моментално ќе може да се помине за само 30 минути.

Во буџетот за 2023 година од двете земји се издвоени 2 милиони евра. Неговата целосна реализација се очекува да чини над 150 милиони евра. А во Косово овој проект предизвика реакции во јавноста, гледајќи го како конкурент на патот Приштина-Пеќ.

Сепак, министерот Либурн Алиу изјави дека патот до Пеќ не запира.

„Потребни ни се двете, и двете ќе се направат, но без кражби и злоупотреба на средства. Во име на асфалтот веќе никој нема да краде, а секоја кражба што ќе ја откриеме од минати проекти, ќе ја следиме со максимална сериозност со испраќање на предметот во обвинителството“, рече тогаш Алиу.

Според Владата, овој пат, освен што ќе ги поврзува Призрен и Тетово, ќе ги поврзува и Скопје и Драч преку магистралниот пат од Приштина до Тирана.

Директорот на ЈП Државни патишта на Македонија, Ејуп Рустеми, пред извесно време изјави дека се во фаза на избор на проектант за изградба на тунелот долг 6,4 километри. Тој рече дека во моментот на потпишување на договорот ќе почнат и процедурите за избор на проектант на патот Тетово-Призрен.

Related posts

Шофер од Албанија фатен во „Деве Баир“

admin

Опаѓа поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, а само 24 отсто од нив ги поддржуваат уставните измени

admin

Средба Вучиќ-Милатовиќ, за Косово се согласиле дека “не се согласуваат”

admin

Сертификатот од Кембриџ е безвреден само во партиските назначувања

admin

Димитров: Треба да утврдиме државни позиции за патот напред

admin

СТУДЕНТСКИ ОТПОР: МОН ГИ ПРИМОРУВА СТУДЕНТИТЕ ПАК ДА СЕ РАДИКАЛИЗИРААТ

ninja