23.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Николовски: Сегашниот проект за Коридор 8 нема да се работи, за нов ќе видиме

Иако е постигната начелна согласност за продолжување за завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8, министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека проектот ќе мора да се смени, бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна, јави РСЕ.

„Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас се уште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи, a дали ќе работиме нов, ќе видиме“, рече Николовски во зијава за телевизија Телма.

Министерството за транспорт потврди дека земјата е посветена на изградба на железничка пруга кон Бугарија, но нагласи дека не може да се прифати проект што завршува во тунел за кој не постои проект од бугарска страна.

На состанок на високо ниво во Брисел, на кој учествувале и претставници на Комисијата на ЕУ, претставници од земјава и од соседна Бугарија постигната е начелна согласност заеднички да продолжат со изградбата на железничката пруга на Коридорот 8, соопшти вчера Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на ЕУ.

Единствен прифатлив услов на Македонија за реализација на пругата кон Бугарија е ако источниот сосед започне со проектирање на тунелска цевка, а двете земји заеднички извршат пробивање на тунелот, потенцирале претставниците на македонската делегација на вчерашната средба во Брисел.

Претставниците на бугарската влада, пак, истакнале дека во овој момент нема проект на кој би работеле на доизградба на железницата до границата со Македонија и изградба на тунел, но е изразена подготвеност да започнат со изработка на проект кој би бил готов во 2026 година.

Related posts

Нафтата повторно над 100 долари

admin

Мерц и Макрон – прва средба: Што ќе носат новите германско-француските односи?

admin

Србија преку авионски линии ќе се поврзува со САД

admin

Ахмети го поздравува Таравари, ВРЕДИ најавува чистка

admin

Камерите се активни: колку казни се изречени

admin

ГЕОРГИЕВ: НЕМАМЕ ПЛАН КАКО ДА ГО РАЗВИВАМЕ ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ

admin