32.8 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Лимани: Кичево не може да се изгради со празни пароли и етнички поделби

Министерот и поранешен кандидат за градоначалник на Кичево, Фатмир Лимани, порача дека градот не може да се развива со злоупотреба на етнички теми и симболи, туку со реални проекти и вредности.

Во објава на Фејсбук, Лимани напиша дека „Кичево не се прави“ кога политиката се претвора во „продавање сапун за сирење“ — алудирајќи на лажни ветувања и манипулации во предизборниот процес.

„Кичево не се гради под сенката на етничките знамиња и не може да припаѓа само на едно етничко население,“ напиша тој, додавајќи дека во градот живеат луѓе од различни заедници кои „се борат за егзистенција, не за симболи“.

Во пораката, Лимани предупредува дека „дегенерацијата на моралните вредности под изговор на национална кауза“ го уништува духот на заедништвото и дека младите секојдневно го напуштаат градот.

„Кичево не може да се прави со кандидати што се делат и судираат во име на јазикот, знамето и историјата, со кои немаат ниту генетска ниту морална врска,“ наведе Лимани.

Тој порача дека вистинскиот напредок на градот е можен само со владеење на правото, подобри услови во училиштата, болниците и маалата, како и преку капитални инвестиции и враќање на младите.

„Имам проект за Кичево кој ќе се оствари, и за него ќе се борам од секоја позиција,“ напиша Лимани, повикувајќи на општествена зрелост, транспарентност и избирање на „најдобрите во раководството“.

Иако не спомена по име, неговата изјава се толкува како критика кон актуелниот кандидат на Алијансата за интеграција (АКИ), Фатмир Дехари, кого Лимани не го поддржа по својот неуспех да влезе во вториот круг на изборите во Кичево — потег што, според аналитичари, може да ја зголеми шансата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

Ахмети ја “исчисти” ДУИ: Десетици влијателни функционери останаа без позиции

admin

Ларсон Џаин: Има силен моментум за проширување на ЕУ, не го пропуштајте

admin

Мир или нова војна? САД и Иран во опасна игра на нерви

admin

Трамп се заканува со интервенција, Техеран возвраќа: „Ќе зажалите“

admin

Таравари со свои листи: Нема враќање, одлуката е дефинитивна

admin

Во Струга претепан етнички Бугарин, партии во Софија бараат активирање на ветото за РСМ

admin