7.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Казните за маркетите што договарале цени се „мачкање очи“ за јавноста

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече казни на четири големи синџири маркети и на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) поради забрането договарање и усогласено делување врз цените, но економски експерти и синдикати ја критикуваат одлуката како неефикасна, јави РСЕ.

КЗК соопшти дека секој од маркетите Веро, Тинекс, КАМ и Рептил е казнет со по 50.000 евра, додека ССКМ доби глоба од 18.600 евра. Комисијата ја образложи одлуката со наодите дека на состанок на 5 февруари 2025 година, учесниците постигнале договор да не прифаќаат нови или зголемени ценовници од добавувачи, со што било ограничено слободното пазарно однесување – дејствие кое претставува „by object“ ограничување на конкуренцијата, строго забрането со законот

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од Виена оцени дека казните се неадекватни за големите ланци кои имаат милионски профити. „Што се 50.000 евра за ланци кои имаат годишни профити од неколку милиони евра? Ова е мачкање очи“, изјави Јовановиќ за РСЕ.

Податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) покажуваат дека најмалку 4.295 денари месечно недостигаат за основни потреби на семејствата, додека инфлацијата продолжува да го зголемува трошоците за храна и други производи. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека долгите постапки на КЗК и ниските казни не ги штитат граѓаните од поскапувања.

Од ССКМ рекоа дека одлуката е наследство од претходното раководство кое, како што велат, го прекршило статутот и угледот на Сојузот. „Како нов претседател ќе ја почитувам одлуката на Комисијата, но единствениот параметар за формирање на цените е слободниот пазар“, изјави Горан Ѓеорѓиевски, претседател на ССКМ.

КЗК, исто така, покрена постапка против Сојузот за доставување неточни или непотполни податоци кои можеле да ја заблудат Комисијата, за што е предвидена казна до 1% од приходот.

Граѓаните велат дека чувствуваат континуирано поскапување на основните прехранбени продукти, а пензионерите и семејствата со фиксни приходи тешко ги покриваат месечните трошоци. „Маркетите се сѐ поскапи и едвај стигнуваме за основните потреби“, рече еден граѓанин за РСЕ.

 

 

 

Related posts

Пендаровски стави параф на законите за коридорите, Груби ја поздрави одлуката

admin

Курти ја поддржа иницијативата за патот Тетово–Призрен, С. Македонија и Косово најавуваат конкретни чекори

admin

Антикорупциска: Фондот за иновации да одговара за грантовите на Дрин Ахмети

admin

Хегсет побарал заминување на шефот на американската војска

admin

Апсење без налог? Скандалот со началникот од Демир Хисар ја потресе политичката сцена

admin

Бугарски медиуми: На форумот во Прага, српскиот лидер Вучиќ ја крена антибугарската хистерија во Скопје

admin