4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

„АЛТЕРНАТИВА“ВО НЕДЕЛА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО ВЛАДАТА

„Алтернатива“ во недела ќе го донесе конечниот став околу партиципирањето во Владата. Одлуката ќе биде донесена на седница на Централното собрание што ќе се одржи во 16 часот во партиското седиште во Тетово.

„Најтесното партиско раководство на Алтернатива е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ“, пишува на официјалната страна на „Алтернатива“ на „Фејсбук“.

Таравари: Се финализира договорот за влез на Алијанса за Албанците во Владата

Расудуваме трезвено, без емоции, велат од „Алтернатива“ целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат.

„Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека Алтернатива на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат“, се вели во објавата на Фејсбук.

Вчера Алијанса за Албанците го најави својот влез во Владата. Потврдата дојде од претседателот на Арбен Таравари, по седницата на партиското Централно претседателство во Тетово. Во замена за влезот во влада договорено е партијата да добие три министерства.

Related posts

ТАРАВАРИ: СЕ ФИНАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ ЗА ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДАТА

ninja

СПАСОВСКИ ЌЕ ГИ НАГРАДИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ БЕА НА ТЕРЕН ЗА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА РОДЕНДЕНОТ НА ДЕЛЧЕВ

ninja

ЕП: РУСИЈА Е „ДРЖАВА СПОНЗОР“ НА ТЕРОРИЗМОТ

ninja

ЕКСКЛУЗИВНО: ЕУ со пакет на санкции против Косово

admin

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja

Трета републиканска претседателска дебата, Трамп доминира

admin