15.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КАКО НА ДРИСЛА Ѝ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ДА ИЗГОРИ ИЛЈАДНИЦИ КИЛОГРАМИ ОПАСЕН ОТПАД?

Државните институции во Македонија затвориле очи кога на депонијата Дрисла ѝ била изработена еколошка дозвола со која третирала илјадници килограми опасен отпад, а за кој немала услови и технологија. Па така во Дрисла шест месеци бил третиран опасен отпад, во кој било дозволено да има жива, пестициди, киселини. Дрисла од тоа заработила 7000 евра.

Скопската депонија Дрисла добила дозвола за третман на десетици видови опасен отпад за кој немала ниту услови, ниту технологија. Според податоците до кои дојде Радио Слободна Европа, неколку институции знаеле за изработката на дозволата со која било овозможено складирање и третирање на илјадници килограми опасен отпад што можел да содржи жива, киселини, бази, пестициди и други опасни материи. Дрисла со месеци го примала опасниот отпад и го согорувала без да има соодветна опрема, ниту инсталации за негова преработка.

Но добила А – Интегрираната еколошка дозвола во 2021 година изработена во Министерството за животна средина и просторно планирање. Со неа било овозможено Дрисла да потпишува договори со фирми за отстранување и третман на 22 различни видови на опасен отпад. За изработката на дозволата тогаш знаеле сите, и Државниот инспекторат за животна средина, и Град Скопје и општина Студеничани.

Дрисла, чие управување пред три години беше вратено на Град Скопје, од февруари до август 2021 година го третирала овој опасен отпад, кога е донесено решението за забрана од Државниот инспекторат за животна средина.

Од фирмите со кои склучила договори, Дрисла примила 16.900 килограми опасен отпад и направила профит од 455.000 денари, или околу 7000 евра. Оваа количина и сума ја утврди Управата за финансиска полиција која поднесе кривична пријава против „раководен државен службеник“ во Министерството за животна средина и просторно планирање, кого го терети дека лично ја изработил и одобрил дозволата и со тоа ја злоупотребил службената положба.

Опасниот отпад, којшто се третирал овој период во Дрисла, најчесто доаѓа од индустријата. Како што појаснува, професорот Трајче Стафилов од Институтот на хемија на Природно – математичкиот факултет во Скопје, генерално постојат повеќе начини за третирање, депонирање и уништување на опасен отпад во депониите, но според него најважно е да постојат соодветни услови.

„Бидејќи, сепак, опасниот отпад значи опасност по животната средина и здравјето на луѓето и живиот свет“, вели Стафилов.

Радио Слободна Европа ги анализираше податоците од А- интегрираната еколошка дозвола на Дрисла во спорниот период, како и измените на дозволата. Според податоците, со проблематичните 22 шифри се дозволило депонијата шест месеци да добива и третира отпад со жива, киселини, бази, пестициди, флуоресцентни ламби, дрво и детергенти кои содржат опасни супстанци.

Меѓу нив се и лепила и смоли, растворувачи и метални пакувања, азбест. Депонијата можела да добива и третира опасен отпад и од типот на средства за заштита на дрво, силикони, неоргански средства за заштита на растенија, биоциди, искористен активен јаглен…

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ: Макрон ги потврди нашите ставови

admin

Спречена блокада на сите полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром

admin

Москва е нападната, итна евакуација на населението

admin

Ахмети: По изборите можна е национална влада за уставни измени

admin

ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛНОСТА: ЧЕСТИТ 9 МАРТ!

ninja

Две сценарија и едно прашање – не дали, туку кога?

admin