14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАУКАРЕПУБЛИКА

УЈИЕ: Амбасадорката на Јапонија Кавахара во посета, најави продлабочување на академската соработка

Амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Сецуко Кавахара, го посети Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), во рамки на иницијатива за проширување на академската и меѓународната соработка со јапонски институции, соопшти Универзитетот.

Кавахара се сретна со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, во придружба на советничката за заедницата и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи. УЈИЕ наведе дека ректорот ја информирал амбасадорката за развојните приоритети, постигнувањата и плановите на институцијата, како и за областите во кои се можни заеднички проекти со универзитети од Јапонија.

Двете страни изразиле подготвеност да го прошират партнерството, вклучувајќи можности за студентска размена и заеднички истражувачки иницијативи.

Арифи изјави дека Универзитетот продолжува да гради врски со дипломатски мисии „со цел да им обезбеди на студентите директен увид во глобалните процеси“.

Во рамки на посетата, амбасадорката одржа предавање на тема „Надворешната политика на Јапонија“, претставувајќи ги стратешките приоритети на Токио, неговата улога на меѓународната сцена и принципите што ја водат јапонската дипломатија. Предавањето предизвика голем интерес кај студентите, кои учествуваа со прашања и дискусија.

Посетата, според УЈИЕ, ја потврдува определбата на Универзитетот за зајакнување на својата меѓународна димензија и создавање можности што го прошируваат академскиот и професионалниот профил на студентите.

Related posts

Владата на Мерц под нов удар: СПД остана без министерка и копретседателка

admin

Некогашната специјална обвинителка сега библиотекарка во “Идризово”

admin

Трамп: САД може да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела

admin

Пет сценарија: како Трамп би можел да го ослаби НАТО без формално повлекување

admin

Груби се огласи откако му беше запален автомобилот: Нема да ме заплашите

admin

Внатрепартиски тензии во БЕСА: Дали Билал Касами ќе ја напушти Владата?

admin