18.8 C
Скопје
27 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БЕСИМИ: ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА НЕМААТ ЗАПИШАНО И НЕ МОЖЕЛЕ ДА ТРГУВААТ СО ЕВРООБВРЗНИЦАТА

Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата и не можеле со неа да тргуваат на секундарниот пазар, вели министерот за финансии Фатмир Бесими откако таа беше повлечена откако немаше кој да стави потпис за неа, бидејќи министерот за правда е во оставка.

Бесими додава и дека агентите и инвеститорите биле навремено известени за оваа административна пречка.

„Како и државните обврзници на домашен пазар, еврообврзницата се продава на аукција, по што се врши запишување на истата од страна на инвеститорите, на нивно име. По ова инвеститорите на годишна основа добиваат отплата на купонската камата или пак ја тргуваат/препродаваат еврообврзницата на секундарниот пазар. Поради запазување на интерната постапка, процедурата за издавање на еврообврзница во земјава, инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, како што се појавија одредени тврдења“, вели Бесими.

Според него, неточни се и тврдењата што излегоа во јавноста за барање отштета и пенали, но и намалување на кредитниот рејтинг на земјата поради неиздавањето на еврообврзницата. Вели и дека на пазарите на капитал тековно нема промени на каматите на пазарот, но не сака да шпекулира со очекувања за каматната стапка бидејќи се работи за пазарно чувствителни информации.

Еврообврзницата од 600 милиони евра требаше да се искористи за покривање на стари долгови и на еврообврзницата од 2016 година кои доспеваат оваа година. Од Финансии на 8 февруари го објавија нејзиното издавање, но потоа ја повлекоа, бидејќи според процедурата потпис треба да стави министерот за правда.

Од Министерството за правда пак велат дека таа кај нив стигнала дури на 15 февруари, односно пет дена по оставката на министерот Никола Тупанчевски, дадена поради новата реконструкција во Владата. Нов министер за правда треба да дојде до редовите на Алијанса за Албанците, кои најавија свој влез во владината коалиција, ама кога тоа ќе се случи треба да одлучат пратениците. Денеска е четврти ден на седницата во Собрание на која се зборува за реконструкција на владата.

Related posts

Границата меѓу државата и партијата „тенка“ во изборите

admin

А1он: Двајца пратеници на СДСМ нема да ги гласаат уставните измени

admin

Кина и Русија испраќаат воени бродови во близина на Алјаска, САД одговараат со разурнувачи на морнарицата

admin

СДСМ за пречекот на Курти во Тетово и Чаир: Касами и Гаши се партнери на Мицкоски

admin

Луѓето се откажуваат од онлајн резервациите во 2023 година и се одлучуваат за туристички агенти – еве зошто

admin

АзА: Мицкоски го рехабилитира и амнестира криминалот

admin