11.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ОСУМ ИЛЈАДИ МАЛИ И МИКРО ФИРМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ТРИ ГОДИНИ СТАВИЛЕ КЛУЧ НА ВРАТA

Во спортски жаргон постои гимнастика, особено на микро и мали компании, кои од незнење за водење бизнис се одлучуваат да отвораат и затвораат фирми и исклучиво тоа се случува поради слабиот концепт на бизнис практики, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија

Повеќе од 8.000, во најголем дел микро и мали компании од почетокот на ковид пандемијата, па сè до денес поради економската и енергетска криза ставиле клуч на врата, вели за Глас на Америка, претседателот на бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков. Луѓето без оглед на добрата идеја, вели тој немале можност да го развијат својот бизнис. Но вината за ваквата состојба ја гледа и во самите фирми.

„Во спортски жаргон постои гимнастика, особено на микро и мали компании, кои од незнење за водење бизнис се одлучуваат да отвoраат и затвoраат фирми и исклучиво тоа се случува поради слабиот концепт на бизнис практики, неисполнување на обврски кон добавувачите. И сега се случува една состојба во која може да се каже дека нема излез за жал“, вели Бошков.

Поради ова голем е бројот и на вработени,кои останале на улица.

„Таа бројка се движи околу десетина илјади луѓе, во рамките на отворање и затворање на претежно микро и мали компании“, додава Бошков.

Сопствениците на компаниите се жалат дека не можат да ги наплатат побарувањата од фирмите со кои соработуваат.

„Сите тие фирми поголеми или помали, наши купувачи, а верувам дека тоа се случува и кај сите останати производители и добавувачи, доаѓа до одложување на обврските, односно плаќањата кон нас како добавувачи, затоа што и тие се соочени со истите проблеми со зголемување на цените на енергенсите, не само на струјата,туку и на гас, горивата, достава на роба. Но, на крај ние штетата ја трпиме“, вели Мевмед Џемаилоски, сопственик на фирма за преработка на месо.

Состојбата не им дава оптимизам.

„И ако продолжи ова вака, во натамошното работење, незнам колку долго ќе можеме да издржиме сите заедно. Во овие 30 години со вакви потешкотии никогаш не сме се соочиле. Гледам дека голем дел од ланците на маркети се затвараат. Со самото затворање се затвораат и работните места и нормално дека ќе има отпуштања, нема каде да ги носат“, додава Џемаилоски.

„Има некои фрапантни податоци кои кажуваат дека не нè очекува розова економска иднина, особено за македонските компании, претежно од производството на храна, трговијата, туризмот, затоа што не исполнуваме елементарни услвови за водење на бизнис. Дали станува збор за инфраструктура, дали станува збор за непредвидлива бизнис средина. Слабо ниво на иновативност во брендирањето, понудата, маркетингот, презентирањето и квалитетот на производите“, истакнува Бошков./VOA

Related posts

Доналд Трамп: Зошто Европа не дава повеќе пари за да и помогне на Украина?

admin

Дали на пазарите има зеленчук загаден со пестициди или некој помешал што е милиграми и микрограми?

admin

ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: ШТО Е КАТАСТРОФА, А ШТО ПОТРФЛАЊЕ?

ninja

Продолжува руското гранатирање врз украинските градови, најавени нови планови за хуманитарни коридори

ninja

Ромни ги користи зборовите на Бајден против него, го повикува претседателот да му се придружи во пензионирањето: „Време е за транзиција“

admin

СЗО СМЕТА ДЕКА КОВИДОТ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМА СЛИЧНА ЗАКАНА КАКО И ГРИПОТ

ninja