21.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ПРВИОТ ЧОВЕК НА МАНУ ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГЛАСААТ ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Земјата треба да чекори по европскиот пат, но достоинствено и ќе има повеќе шанси да биде рамноправна членка во ЕУ ако каже не на уставните измени, истакна денеска во своето експозе претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Љупчо Коцарев на редовното Годишно собрание на највисоката научна и уметничка институција во државата.

„За да чекориме достоинствено по европскиот пат ги повикувам сите 120 пратеници во македонското Собрание едногласно да се изјаснат против уставните измени – тоа ќе биде мал чекор за нив, но огромен за Македонија. Ако сега кажеме не, колку и да се чини на прв поглед парадоксално и противречно Македонија ќе има повеќе шанси да биде рамноправна членка во ЕУ да опстои и да не се распадне. Во спротивно ако дозволиме уставни промени тоа ќе значи широко отворање на портите за други нови нестварни и небулозни барања што ќе повлече соочување со уште поголеми искушенија. Промената на Уставот е првото пробно дури можеби и не толку застрашувачко барање – другите посурови и позастрашувачки барања ќе дојдат подобри по започнување на пристапните преговори“, порача академик Коцарев.

Според него, што се однесува до ЕУ треба да се постави прашањето дали ЕУ воопшто размислува за проширување, ако, меѓу другото се земат предвид проценките на Европската инвестициска банка дека трошоците за обнова на Украина ќе изнесуваат приближно еден трилион евра што одговара на целиот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, а Германија чиј индустриски модел, вели, почнува да пропаѓа, нема фискален капацитет да обезбеди ниту дел од оваа сума.

Во своето експозе Коцарев се осврна и на односот на власта кон Академијата, оценувајќи дека тој не е сменет во изминатите 30-тина години. Наместо да го искористи интелектуалниот капацитет на академиците и во корелација со нив и со стратегиите кои ги има заеднички да градат модерна, развиена демократска држава, власта вели, „со сите сили настојува да ја задуши, оневозможи, омаловажи и да ја маргинализира работата на МАНУ“.

Паралелно со говорот на Коцарев, вработени од академијата со транспаренти пред влезот на објектот бараа покачување на платите. Велат, раководството сочувствува со нив но не презема конкретни чекори.

Related posts

АНКЕТА: БУГАРИЈА Е ЗАКАНА, А ЕУ Е НЕФЕР И НАДМЕНА

ninja

Осум Македонци се изјасниле како Албанци за да добијат работа во општината

admin

Џафери: Тие што ме критикуваат нека се погледнат во огледало

admin

Ахмети повика да не се повтори грешката од 2006 година

admin

120 години Илинден – чествување на историјата среде политички поделби

admin

Богати пратеници во „единицата“: Секој од нив во просек има 250 илјади евра

admin