6.8 C
Скопје
15 октомври, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

ТРИ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА ОД СУДИРОТ ВО ДУИ

Ситуацијата во ДУИ е од интерес за граѓаните, не затоа што не интересираат внатрешните работи во нивната партија, туку затоа што како втора партија во владината коалиција и најголема меѓу Албанците во РСМ, ја диктира и политичката сцена и развојната траекторија на државата. За разлика од другите времиња, оваа поделба во ДУИ нема да донесе победник, иако Али Ахмети можеби ќе ја добие битката, но ќе ја изгуби војната. Најверојатно, Албанците во Северна Македонија ќе завршат со по една партија во секоја маало.

Пишува: Сефер Селими Jr.

Поминаа повеќе од две години откако кризата во Демократската Унија за Интеграција расте бавно, но континуирано. Се започна веднаш по парламентарните избори во 2020 година, кога Али Ахмети одлучи целиот владин кабинет, освен предлогот на министерот за образование, да го избере сам – без интервенција и одобрение на партиските ограноци. Првичните оправдувања за надминување на кризата предизвикана од оваа одлука беа дека Владата ќе биде подложена на реконструкција во рок од шест месеци и забелешките ќе бидат разгледани и адресирани. Еве сме една година пред истекот на мандатот, со две владини реконструкции и владиниот кабинет на ДУИ останува непроменет, додека наредните недели ќе ја диктираат траекторијата на ДУИ за во иднина. Нема да навлегувам во расправии дали едната или другата страна е во право затоа што во суштина и двете се борат за власт во партијата која би ги донела или задржала на власт – толку е едноставно – иако и двете страни ги изградија своите аргументи за овој внатре- партиски судир.

За речиси 22 години политичка активност, Демократската Унија за Интеграција помина низ слични кризи, уште многу потешки, завршувајќи со вооружени судири со човечки жртви. Но, разликата е временскиот контекст и најважно обликот на оваа криза е уникатен. Кои се трите главни сценарија за кои се озборува:

-Бавното задушување на „Огнената група“ во ахметиански стило : Првиот вицепремиер Артан Груби, кој се претставува како главна причина за незадоволството на фракцијата предводена од пратеникот Изет Меџити, за противтежа и за натамошна диференцијација во структурата, прогласен за „ дух на ахметизам“. Всушност, тоа повеќе затоа што сака да ја истакне својата одбрана со изнесување на ликот на Али Ахмети на првиот фронт од оваа пресметка. Ако го анализираме „ Ахметианскиот дух“ во ваквите судири во минатото, она што можеме да го забележиме е дека, и како што „Ахметистите“ сакаат да прокламираат со многу ласкање, Али Ахмети досега не исклучи никого од партијата, но ама направи се што е можно за да им оневозможи да останат во партијата. И ова успеа благодарение на стратешкото трпение по кое е познат неговиот стил на лидерство. Во минатото тоа резултираше со бунтовниците во партијата или целосно уценети, обесчестени и понижени за да продолжат да заземаат некоја инфериорна позиција или беа принудени самите да ја напуштат партијата. Оваа стратегија се чини дека се спроведува со „Огнената група“ и дека во наредните денови ќе им бидат одземени сите партиски и владини функции што ги носат овие партиски фигури – со надеж и идеја дека без функции ќе опаѓа нивната моќ на терен- за што многу се сомневам.

-Конечна разделба со огнената група – ова сценарио е најпосакувано за групата функционери кои се под притисок на фракцијата внатре во партијата. За нив оваа последна пукнатина би им го отворила патот да ја контролираат партијата без никаков отпор или несогласување – барем до следните избори. Идејата која доминира во ова сценарио е дека „огнената група“ е моќна само затоа што зад нив стојат функциите и сиглата на партијата и дека нивната тежина на терен не е поголема од онаа на владините функционери. Впрочем, партијата не треба да биде поединецот, туку партискиот менталитет на ДУИ кој се гради врз ликот на Али Ахмети, кој последниве години како да е изоларан, слушајќи само нештата што сака да ги слушне, а тие му кажуваат само работи кои одат во нивна полза. Затоа, иако овој раскол може да донесе краткорочен мир на фунскионерите и на Ахмети, ќе донесе главоболки на следните избори – кога и да се одржат.

– Создавање нов опозициски конгломерат – фракцијата на незадоволни функционери во ДУИ пресметува евентуални стратегии за излез. Овие стратегии главно се развиваат на пресметките на можните гласови, а се зборува за обединет опозициски конгломерат каде што сите партии и поединци кои се надвор од власт и не се чувствуваат претставени од ДУИ или од Алијансата за Албанците. Да се ​​изгради ваква коалиција е доста тешко, прво поради идеолошки и концептуални разидувања, а повеќе поради бајрактаризмот кој ќе ја води. Дури и да се постигне таков сојуз, ќе биде тешко да се одолее на времето и предизвиците, уште повеќе на идната влада која ќе биде доста згрчена и полна со непознати – а во отсуство на силно лидерство и единствена, исто така, ќе биде комплицирана и најверојатно несакан фактор за најголемата владејачка партија.

Ситуацијата во ДУИ е од интерес за граѓаните, не затоа што не интересираат внатрешните работи во нивната партија, туку затоа што како втора партија во владината коалиција и најголема меѓу Албанците во РСМ, ја диктира и политичката сцена и развојната траекторија на државата. За разлика од другите времиња, оваа поделба во ДУИ нема да донесе победник, иако Али Ахмети можеби ќе ја добие битката, но ќе ја изгуби војната. Најверојатно, Албанците во Северна Македонија ќе завршат со по една партија во секоја маало.

Related posts

БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС, ОТВОРЕН БАЛКАН И ПОЗАДИНАТА НА НЕМИРИТЕ НА КОСОВО

admin

Која институција ви е најбитна?

admin

СИТЕ ДИЛЕМИ ЗА 28 НОЕМВРИ

admin

ШТО МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ЕВЕНТУАЛНОТО ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДАТА

admin

ПОПУЛИЗМОТ НА РАМА И КРАЈОТ НА „ОТВОРЕН БАЛКАН“

admin

И една Северна Македонија ќе ја претрка Нашата Македонија

admin